Космички конфликт – Потеклото на злото

Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видеото

Реално зборувано, постои добрина и убавина во овој свет. Но од друга страна, мноштво луѓе биле сведоци на толку многу зло, што природно го поставуваат прашањето дали Бог воопшто постои. Милиони и милиони невини луѓе низ историјата умреле од војни. Деца се киднапирани и убивани. Да не ги споменуваме секојдневните лаги, кражби, силувања и насилства против невините. Ако Бог е навистина полн со љубов, а истоврмено и семоќен, зошто дозволува да се случуваат овие ужасни нешта? Добрата вест е дека постои логичен одговор на ова прашање, кој што ќе ја задоволи вашата потрага по смислата и вистината.

Ова моќно видео разоткрива и ги отвора очите за најосновната Библиска вистина – големата контроверзија која настанала на небото, кога Луцифер се побунил против Бог. Прикажува како совршениот ангел бил трансформиран во сатана – врховен демон, поведувајќи со себе армија од ангели во бунт против Божјото владеење. Но зошто Бог не го уништил сатаната и неговите демони и не ставил крај на злото? Дали има смисла тоа што Бог ја избрал токму таа комбинација што дозволил злото да продолжи? Кога веќе го направил тоа, каде е неговото место во тој космички конфликт? Дали е Бог е само набљудувач на настаните од далеку или е директно и активно инволвиран?

Кога злото би било присутно само таму некаде во вселената, на небото, можеби и не би биле толку засегнати. Но ние секојдневно сме сведоци за неговото присуство овде на нашата планета. Прашања кои се поставуваат: Како злото стигнало помеѓу нас? Како дошло до тоа сите ние да бидеме дел од космичкиот конфликт? Ова видео ќе ни помогне да ѕирнеме позади духовната завеса и да ги сфатиме законитостите кои владеат во реалната борба помеѓу доброто и злото, борба во која сите ние сме вклучени – биле свесни за тоа или не.

Pin It on Pinterest