Тројната Ангелска Вест

Кликнете овде за да ви се прикаже описот на овој видео серијал

И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ, и зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори. И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.” И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето. И димот од нивното измачување ќе се издига во вечни векови, и не ќе имаат починка, ни дење ни ноќе, оние кои му се поклонуваат на Ѕверот и на неговиот лик, и кој ја прима ознаката на неговото име.” Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса. (Откровение 14:6-12 ; Библија)

Според Библијата, живееме во „последните времиња“, на прагот на најславнот настан на планетата Земја – доаѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос на облаците. Меѓутоа, пред да се случи тоа, запишано е дека ќе се проповеда една специфична порака, Тројната Ангелска Вест (Откровение 14:6-12). Како резултат на проповедањето на таа порака ќе дојде до поларизација на сите луѓе на земјата на две групи: една група на луѓе кои ќе имаат т.н. Божји печат и друга група на луѓе кои ќе го добијат т.н. жиг на ѕверот. Бог во својата преголема љубов, преку Тројната Ангелска Вест, на светот му ги открил клучните аспекти од завршните сцени на големата борба помеѓу Христа и сатаната. Ако за некоја библиска вистина би можеле да кажеме дека е актуелна и релевантна за нашето време, тогаш со сигрност тоа би била Тројната Ангелска Вест.

Pin It on Pinterest