Последните настани од Библиските пророштва

Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видеото

Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги – пророците. (Амос 3:7 ; Библија)
Бог во својата неизмерна љубов кон нас луѓето, не нè оставил да бидеме во незнаење за најважните аспекти од планот на спасението. Преку читањето на Библијата можеме да ги дознаеме поединечните фази и да го лоцираме своето време и место во тој голем план. Според Библиските пророштва, од завршетокот на космичкиот конфликт нè делат само уште неколку големи настани, популарно познати како ПОСЛЕДНИТЕ НАСТАНИ. Меѓутоа, сето тоа многу добро го знаат и сатаната и неговите демони. Тие се свесни дека деновите од нивното постоење се одбројани и нивниот крај наближува, па во својата голема јарост ги умножуаат своите напори и го користат сето свое бунтовничко искуство во обидот да одвлечат што е можно повеќе луѓе во пропаст. Доколку во таа своја борба се служеа само со отворен, директен напад – немаше да биде толку тешко за луѓето да сфатат дека се наоѓаат во една колосална духовна борба, да направат разлика и да застанат на Божјата страна. Меѓутоа, проблемот е во тоа што сатаната и неговите демони најголем дел од својата борба ја водат подмолно, инфилтрирајќи се во различните структури на општеството, користејќи ги стратешките гео-политички центри на влијание, а што е најзапрепастувачки – инфилтрирајќи се дури и во самата христијанска црква. И воопшто не е случајно тоа што кога Исус бил запрашан од страна на своите ученици „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за крајот на светот?” (Матеј 24:3), првото нешто што го одговорил било „Пазете се, да не ве излаже некој“ (Матеј 24:4). Овие Исусови зборови се особено релевантни за нас денес, кога сме сведоци на толку многу различни учења поврзани со последните настани. Сатаната во самиот христијански свет фрлил мрежа од лажни идеи, лажни толкувања, во која мнозина се фатиле. Додека еден дел од христијанскиот свет не препознава ништо посебно во времето во кое живееме и на второто Христово доаѓање гледа како на некој далечен настан, друг дел од христијаните се склони своите толкувања на Библиските пророштва да ги базираат на сензационалистичките прилози од дневниот печат. Трет дел од христијанскиот свет пак, го фокусира својот поглед кон фалсификувани појави и настани, верувајќи дека истите се исполнување на Библиските пророштва. Таков е примерот со микрочиповите под кожа кои се наводно исполнување на пророштвото за „жигот на ѕверот“, а исто така и наводната изградба на третиот храм во Ерусалим…

Ова неверојатно видео ќе ве води чекор по чекор низ последните настани опишани во Библиските пророштва. Неговата цел не е детално да ги анализира Библиските текстови кои ги опишуваат тие настани, туку да направи еден панорамски преглед, за да може полесно да се запамети нивната хронологијата и взаемна поврзаност. Наша препорака е на ова видео да гледате како на еден вид вовед во последните настани, но да не застанете овде, туку да продолжите детално да проучувате за секој од тие настани. Ве упатуваме после ова видео со внимание да ги проучите видео серијалите „Неговиот пат е во Светилиштето“ и „Тројната ангелска вест“.

Pin It on Pinterest