Седмиот ден

Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видео серијалот

Во оваа документарна серија се открива тензијата која постои помеѓу саботата и неделата, во однос на тоа кој е автентичен ден за светкување / празнување за христијаните. Водителот Хал Холбрук, подржан од педесетина историчари и теолози, ги води гледачите низ вековите за да ја откријат историјата за саботата, следејќи ги доказите од античките записи кои се наоѓаат во архивите и библиотеките ширум светот, и детално разоткривајќи ја епската битка која се водела околу Библиската сабота.

„Седмиот ден“ започнува со потеклото на саботата од Библискиот извештај за создавањето и ги следи доказите за седмичниот свет ден низ Стариот завет. Потоа се става акцент на извештаите од службата и учењата на Исус Христос, чии револуционерни идеи за правилно држење на саботата го довело во судир со еврејските водачи од неговото време. Серијалот продолжува понатаму изнесувајќи ги фактите за светкувањето на саботата во првите векови од Христијанската историја, кога неделата се повеќе ја поттиснувала саботата. Она што следи е издигнување на неделата до место на официјално воспоставен ден за празнување за мнозинството на христијани. Но тоа не е крај на приказната. Од средовековниот период па сè до ден денешен, држењето на саботата опстанало, од Русија до Јужна Америка, од Африка до Аљаска, од Англија до Кина. Овој серијал ја осветлува таа херојската борба за верска слобода, водена низ долгите векови на инквизиција и репресија.

Pin It on Pinterest