Случајот Христос
Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видеото
Дали археологијата и историјата располагаат со докази за постоењето на Исус, независно од Библискиот извештај? Постои ли причина да се верува дека Исусовото воскресение бил историски вистински настан? Дали четирите евангелија во Библијата се историски веродостојни? Колку се сигурни извештаите во Новиот завет? Во ова документарно видео, Ли Стробел интервјуира голем број на историчари и теолози, за да ги пронајде одговорите на поставените прашања. Во времето кога го превзел тој зафат, Ли Стробел бил атеист, кој одлучил да докаже дека Исус Христос е измамник. Меѓутоа после составувањето и критичкото испитување на доказите за себе, Стробел станал христијанин. Ова документарно видео ќе ве води чекор по чекор во една интересна потрага за најзначајната фигура во историјата – Исус Христос. Стробел бара само една работа од оние што ќе го гледаат видеото – да останат непристрасни при испитувањето на доказите. Мнозина биле охрабрени од ова видео, особено затоа што нараторот истакнуа дека неговото истражување – на крајот – не го довело само до сувопарно знаење, произлезено од фактите, туку до Христос кој го променил неговиот живот.