Случајот Создател

Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видеото

Во текот на своите академски години, Ли Стробел бил убеден дека Бог е застарен, надвор од мода и тоа верување ја обоило неговата претстојна кариера како извонреден новинар во Chicago Tribune. Тој си мислел дека науката ја направила ирелевантна идејата за Создател. Но денес науката упатува во друга насока. Во последниве години, разновидно и импресивно тело за истражување сè повеќе го подржува заклучокот дека универзумот е интелигентно дизајниран. Во исто време, Дарвинизмот откажува во лицето на конкретните факти и силниот разум. Дали науката го открила Бог? Во најмала рака, сето тоа ѝ дава огромен поттик на верата, како што се појавуваат нови наоди за неверојатната сложеност на нашиот универзум. Придружете му се на Стробел додека ги преиспитува теориите кои што некогаш го оддалечиле од Бога. Преку неговото впечатливо образложување, ќе се сретнете со откритијата од космологијата, клеточната биологија, истражувањата на ДНК, астрономијата, физиката и човековата свест кои изнесуваат неверојатен доказ во постоењето на Создателот. „Случајот создател“ е извонреден документарен филм за патување од духовен скептицизам кон длабока вера во Бог – Кој го врежал Својот неизбришлив потпис на секоја галаксија и на секоја жива клетка.

Pin It on Pinterest