Случајот вера
Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видеото
Ли Стробел ги користи своите истражувачки вештини во барањето решенија за главните приговори против христијанството. Како поранешен атеист, тој го разбира рационалниот отпор кон верата и затоа без заобиколување, се впушта во директно адресирање на најтешките интелектуални прчки – прашања како што се: „Ако Бог е љубов, тогаш зошто овој свет е потонат во страдање и зло?“; „Ако Бог е ултимативен Надгледник на црквата, тогаш зошто лицемерието било толку многу распространето низ вековите?“; „Ако Божјите чуда се спротивставуваат на науката, тогаш како некоја разумна личност може да верува дека тие се вистина?“… Ли Стробел е свесен дека овие прашања се силни емоционални бариери кои ги одвојувале луѓето од Бог со векови наназад, затоа и направил напор, заедно со своите соговорници, да понудат логичен одговор. На сите оние кои чувствуваат дека се привлечени кон Исус, но сеуште се соочуваат со тешки прашања што стојат на нивниот пат, ова видео ќе им биде од голема помош. На христијаните пак ќе им помогне да ги продлабочат своите убедувања и да бидат охрабрени да се впуштат во дискусија за христијанството, дури и со своите најскептични пријатели.