Лекции за верата

Знаењето за тоа што Библијата сака да каже кога нè повикува да гаиме вера, е многу посуштинско од секое друго знаење кое можеме да го стекнеме. Ние страдаме и трпиме многу проблеми и ожалостувања поради нашето неверување и нашето незнаење како да покажеме вера. Мораме да продреме низ облаците на неверие. Не можеме да имаме здраво Христијанско искуство, не можеме да се покориме на евангелието кое е за спасение, сè додека подобро не ја разбереме науката за верата и додека не покажеме повеќе вера. Невозможно е да има сосвршенство на Христијанскиот карактер без верата која дејствува преку љубовта и го очистува човекот. Од мнозина сме чуле како установиле дека е тешко да го прават она што е исправно. Никако не можеле да бидат задоволни со својот хирстијански живот, затоа што постојано бил одбележен со неуспеси, па доаѓале во искушение да се обесхрабрат и да се откажат. Не е ни чудно што се обесхрабруваат. Постојан неуспех секого би го обесхрабрило. И најдобриот војник на светот ќе се обесхрабри ако во секоја битка бива поразен. Понекогаш таквите луѓе со жалост ќе кажат дека изгубиле доверба во себе. Ах, кога само целосно би изгубиле доверба во себе и потполно би се потпреле на Бог, тогаш со сигурност би можеле да зборуваат друго искуство, победничко искуство. Според нас, овие „Лекции за верата“ се најдобрата збирка од лекции за верата на сите времиња.

1. Живеејќи со вера

Ellet J. Waggoner
Објавено во „The Signs of the Times“, 25 март 1889.

Започнете со читање

Серијалот продолжува

Останатите поглавја од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…

Pin It on Pinterest