Змејот разоткриен [од темнина во светлина]
Кликнете овде за да ви се прикаже описот на видеото
Последните 50 години сведочат за експлозија на источната филозофија и боречките вештини во западната култура. Какво било нивното влијание во последните 2 генерации? Каде води овој пат на кој сме почнале да чекориме? Дали поучувањето на боречките вештини, таи-чи и јога навистина водат кон подисциплиниран начин на живот, како што е популаризирано и истакнато од медиумите денес? Дали нашите деца стануваат подобри Божји мажи и жени преку овие практики или постои нешто многу измамничко кое се одвива позади сцената? Ова документарно видео ги бара одговорите токму на овие прашања.
Почнувајќи од почетокот, од каде потекнуваат боречките вештини? Во ова видео се објаснети почетоците на источниот мистицизам, преку кои ќе се уверите како луѓето ги мешале светлината и темнината заедно во текот на долги години. Тоа се има провлечено и во филмската индустрија, музиката и литературата. Можеби бараме изговори и тврдиме дека ја знаеме разликата помеѓу реалноста и фантазијата, но дали прави разлика за нас ако само знаеме дека нешто е нереално? Нешто длабоко во нас е сè уште афектирано и полека се привикнуваме на повеќе насилство, повеќе сексуалност и промискуитет и поголем либерализам.
Ерик почнал да тренира боречки вештини на 14 години, веднаш после разводот на неговите родители. Барајќи стабилност и смисла на неговиот живот, го почнал неговиот животен пат со ветувања за самодоверба, сигурност и контрола. Во текот на следните 24 години, Ерик добил црн појас, како и сертификати за инструктор во 7 стилови на боречки вештини. Бил примен и во „Домот на славните на боречките вештини“ во САД. Бил признат како инструктор во неколку кинески вештини, како таи-чи, куан, багуаженг, ки гонг и традиционална кинеска медицина. Но, во годините на неговата широка вклученост во источните мистични вештини, Ерик станал слеп за силите кои владееле со него и се заканувале да го уништат него самиот, неговиот живот, бракот и семејството.
Во ова видео, Ерик Вилсон покажува како боречките вештини се комплетен фалсификат на Христовиот пат. Во боречките вештини се нагласува концептот на одбрана и напад, но тоа не е Христовиот пат. Наместо да дозволуваме постепени компромиси кои се вовлекуваат во нашите верувања, да дознаеме што е вистина, а што лага, и да ја одбереме чистата вистина.