ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Кога Чад и Кери Мекартни велат дека нивната мала ќерка, Мејси Хоуп, е повторно родена, тие не мислат на религијата – нивното чудо – бебе навистина се родило двапати. За време на 23-тата недела од бременоста на Кери, двојката отишла на контрола кај нивниот акушер за едноставна ултразвучна процедура, за да утврди дали ќе имаат мало момче или девојче. Двојката ги донеле четрите деца за да ја чујат добрата вест.

Во тоа време било откриено дека девојчето на Мекартни има не канцериозен, но смртоносен тумор кој расте од нејзината пршлена коска. Брзо-растечкиот тумор, голем колку и бебето, ја впивал витална крв од нивното бебе.
Без медицинска интервенција нивното неродено дете немало шанса за да преживее. Детската болница во Тексас во Хјустон била една од само три болници во светот кои можат да извршат таква специјализирана и ризична операција. Откако им било кажано дека имало помалку од 10 проценти шанса бебето да преживее, родителите сакале да изберат соодветно име пред опасната процедура. Тие избрале Мејси Хоуп (Надеж). Соочена со можната лоша иднина, Кери рекла: „Надежта беше сè што имавме.“

„Првото раѓање“ било околу шест месеци во бременоста на Кери, кога хирурзите предводени од д-р Дарел Кас нежно го зеле малото бебе од 141 грам од утробата на Кери за да го отстранат туморот. Операцијата поминала беспрекорно. Потоа го вратиле во мајката за да се лечи и расте уште два месеци. Потоа Мејси се родила „по втор пат“ на 3 мај 2008 година, кога мајката Кери го донела совршено-здравото девојче на светот.

Дали знаевте дека Библијата учи дека ако сте родени само еднаш ќе умрете двапати? Но, ако се родите двапати, ќе умрете само еднаш?
Објаснувајќи го планот за спасение на еден од интелектуално најнадарените личности во Израел, Исус јасно му укажал на Никодим што треба да се случи: „Исус му одговори и рече: ‘Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.’“ (Јован 3:3; Библија). Никодим изгледал збунет и рекол: „Како може чо­век да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ (Јован 3:4; Библија).
Иако бебето Мејси го направила токму тоа, Исус зборувал за чудото на спасението во срцето. Духовното раѓање, обележано со крштевање во вода, го симболизира новиот живот во Христа. Ова второ раѓање не се случува под хируршкиот нож, туку преку работата на Светиот Дух.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Исус му одговори и рече: ‘Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.’“ (Јован 3:3; Библија)

Pin It on Pinterest