ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Според еден натпревар и анкета, најдолгиот брак во САД бил бракот на една брачна двојка кој траел 82 години.

„Средба за брак од целиот свет“ – брак базиран на верност е програма која неодамна го спонзорираше овој натпревар за да го пронајде брачниот пар кој има најдолг брак во Америка.  Номинирани биле повеќе од 300 парови. Околу 150 парови биле во брак 60-69 години; 100 парови биле во брак 70-79 години, и три парови биле во брак повеќе од 80 години! Победничкиот пар, Маршал и Вини Кујкендал, е во брак 82 години. Тие живеат во Њу Мексико, каде што ја прославиле 82-годишнината на 14 февруари 2011 година. Во нашата култура на разведување, нивниот брак се истакнува како пример за верност!

Во песните на Соломон, пријателите на една жена Суламка ја запрашале: „Во што е твојот возљубен подобар од другите, о, најлична меѓу жените?“ Со други зборови, како се разликува твојата љубов од било која друга? Нејзиниот одговор бил сигурен: „Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други“. Таа понатаму ја опишува убавината на нејзиниот сакан и завршува со тоа што вели дека е нејзин пријател. Имало многу мажи, но за Суламката нејзиниот маж стоел над десет илјади. Таа го направила својот избор, а нејзините очи не отстапиле од него. Нејзиниот сакан бил нејзин, и никој не можел да се споредува. Тоа е тој вид на верност што Бог може да го даде на брак кој ги има изградено своите основи на Него.

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Во што е твојот возљубен подобар од другите, о, најлична меѓу жените? Во што е твојот возљубен подобар од другите, па нè заколнуваш така? Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други.“ (Песна над Песните 5:9.10; Библија)

Pin It on Pinterest