Што претставува витаминот Д?

Витаминот Д е липосолубилен (растворлив во масти) витамин за кој најверојатно сите имаме слушнато дека можеме и самите да го синтетизираме ако поминуваме доволно време на сонце. Како и сите останати липосолубилни витамини, и витаминот Д има способност да се складира во нашето тело.

Функции во човековиот организам

  • Ја регулира и помага апсорпцијата на калциумот
  • Потребен е за мускулни контракции (движење на мускулите)
  • Потребен им е на нервните патишта за ефикасен пренос на информациите од мозокот до сите клетки и ткива
  • Овозможува правилна функција на имуниот систем
  • Го намалува ризикот од појава на остеопороза

Симптоми на дефицит

Рахитис кај деца и остеомалакија (болка во коските и слабост во мускулите)  кај постари лица.

 Симптоми на предозираност

Гадење, повраќање, губиток на  апетитот, констипација, омалаксаност, губење на телесна маса, конфузија, дезориентираност, проблеми со срцевиот ритам, камења во бубрезите.

Во колкави количини ни е потребен витаминот Д?

Новороденчиња

0-6 месеци,

10мцг/ден

7-12 месеци, 10мцг/ден

 

Деца

1-3 години, 15мцг/ден

4-8 години, 15мцг/ден

 

Адолесценти и возрасни

Лица од 9 до 70 години, 15мцг/ден

Лица над 70 години, 20мцг/ден

Трудници и доилки-15мцг/ден

 

Која храна е најдобар извор на витаминот Д

Храната всушност не е таа која што е најдобриот извор на витамин Д, туку тоа сме едноставно самите ние во комбинација со сонцето. Храна која што содржи витамин Д во мали количини е: туна и друга масна риба, црн дроб од животни, сирење, печурки и жолчка. Сепак количината на витамин Д во храната е мала, а нашите потреби од витамин Д најдобро ќе ги задоволиме со секојдневно изложување на сонце во времетраење од  најмалку 15 минути. Притоа, кожата од нашите раце, лице или нозе треба да е изложена директно на сонце. При сончање почитувајте ги општите препораки за безбедно изложување на сонце, и избегнувајте ги временските периоди од денот кога сончањето може да биде опасно. Бидете внимателни со употребата на средства против сончање бидејќи тие ја намалуваат синтезата на витамин Д.

Pin It on Pinterest