Одговорноста за споделување на светлината дадена од Бога.
Законот бара совршена праведност.
Сите луѓе на исто ниво.
Праведноста во човекот.

1 И така, каква предност има Јудеецот? Или: каква е ползата од обрезанието? 2 Голема, во секој однос. Прво: ним им се доверени Божјите слова. 3 Па што! Ако некои беа неверни, зар нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност? 4 Далеку од тоа! Но, Бог нека е вистинит, а секој човек лажец, како што е напишано: „Да бидеш оправдан во своите зборови и да победиш кога се судиш.” 5 Ако нашата неправда ја покажува Божјата правда, што ќе речеме? Дали е Бог неправеден, кога се гневи? (човечки зборувам). 6 Далеку од тоа! Како Бог би можел тогаш да му суди на светот? 7 Зашто, ако преку мојата лага се покаже уште повозвишена Божјата вистина за Неговата слава, зошто ми се суди уште како на грешник? 8 ”Зошто да не правиме зло, за да дојде добро?” – како што нè клеветат некои и велат за нас, дека ние зборуваме така? Осудувањето на таквите е праведно. 9 Што тогаш! Дали имаме предност? Никако, зашто веќе ги обвинуваме Јудејците и Грците, дека се сите под грев, 10 како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; 11 нема разумен, нема кој да Го бара Бога; 12 сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.” 13 Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни. 14 Устата им е полна со клевета и горчина. 15 Нозете им се брзи за пролевање крв; 16 запустување и беда се по нивните патишта; 17 тие не го познаваат патот на мирот. 18 Нема Божји страв пред нивните очи.” 19 А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога, 20 зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот. 21 А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците, 22 и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика; 23 зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава, 24 но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Христа Исуса,
(Римјаните 3:1-24 ; Библија)

Проучувајќи го првото и другото поглавје од посланието до Римјаните, откривме дека знаењето без Бог е лудост и неморал и дека возвишеното исповедање, или како што Павле вели телесното обрезание, не е од никаква корист таму каде што објектот на кој треба да укажува – Божјата праведност преку вера, обрезанието на срцето – недостасува.

1 И така, каква предност има Јудеецот? Или: каква е ползата од обрезанието? 2 Голема, во секој однос. Прво: ним им се доверени Божјите слова. 3 Па што! Ако некои беа неверни, зар нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност? 4 Далеку од тоа! Но, Бог нека е вистинит, а секој човек лажец, како што е напишано: „Да бидеш оправдан во своите зборови и да победиш кога се судиш.”
(Римјаните 3:1-4 ; Библија)

СТИХОВИ 1-4:
„И така, каква предност има Јудеецот?“ „Голема, во секој однос. Прво: ним им се доверени Божјите слова.“ Авраам бил изведен од паганизмот, од вера во вера и заради него неговите потомци биле возљубени од Бог. На нив Бог им ја посветил својата вистината. Тие пропуштиле да сфатат каква е користа од тоа што се Евреи и самоуверено почивале во своето возвишено воероисповедање, со мислата дека Бог секако за нив има подобро мислење отколку за било кој друг народ. Бог им дал светлина за да ја пренесат на другите. Но исполнети со гордост, тие не го направиле тоа, а Бог трпеливо ги чекал од генерација на генерација.

Во текот на ропството, Бог му открил на Даниел дека Тој ќе чека уште 490 години за Својот народ да ја однесе светлината на светот. Пренесувањето на евангелието на незнабошците било нешто на кое Бог низ вековите работел со Евреите да би ги навел да го направат тоа, но тие одбиле. Сепак Бог се грижел за незнабошците и „никогаш не прекратуваше да сведочи за Себеси“ (Дела 14:17). Не гледаме ли помеѓу нас како луѓе тенденција да се фалиме со светлоста која ја имаме и да чувствуваме дека Господ сигурно посебно нè уважува како народ? Меѓутоа, Тој нам ни дал светлост само за да би можеле да ја пренесеме на другите. Ако се фалиме со светлоста, а не ја пренесуваме на другите, Бог нас трпеливо ќе нè чека, но на крајот некој друг ќе го завземе нашето место и ќе ја заврши работата.

Бог се заколнал на Авраам и Неговите ветувања ќе бидат исполнети, дури и ако луѓето не веруваат (стихови 3 и 4). Ако не се најде никој со Авраамовата вера, Бог е кадар да си подигне деца од камењата. Самиот Бог е изведен на судење пред вселената, и сатаната и злите луѓе секогаш го оптужувале дека е неправеден и пристрасен, но на судот целата вселена ќе рече „Праведни и вистински се Твоите патишта – Цару на народите“ (Откровение 15:3).

9 Што тогаш! Дали имаме предност? Никако, зашто веќе ги обвинуваме Јудејците и Грците, дека се сите под грев, 10 како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден; 11 нема разумен, нема кој да Го бара Бога; 12 сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.” 13 Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците; змиски отров е под нивните усни. 14 Устата им е полна со клевета и горчина. 15 Нозете им се брзи за пролевање крв; 16 запустување и беда се по нивните патишта; 17 тие не го познаваат патот на мирот. 18 Нема Божји страв пред нивните очи.”
(Римјаните 3:9-18 ; Библија)

СТИХОВИ 9-18:
Сите се во грев. Нема два начина на спасение. „Не го запознаваа патот на мирот“. Ова е пробен камен, кој ја покажува разликата помеѓу Евреите и незнабошците. Децата на верата ќе го имаат овој мир постојано со себе – мирот кој што Христос го имал.

19 А знаеме дека сè што вели Законот, им го зборува на оние, кои се под Законот, за да занеми секоја уста и за да биде целиот свет виновен пред Бога,
(Римјаните 3:19 ; Библија)

СТИХ 19:
Погрешен е преводот „под законот“. Тоа значи во законот, или во јурисдикцијата (надлежноста) на законот. Преку овој закон целиот свет постанува виновен; нема човек кој што има предност над било кој друг во очите на овој закон.

20 зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.
(Римјаните 3:20 ; Библија)

СТИХ 20:
Некои луѓе стравуваат да ги нагласат текстовите како што е овој, за да не би го дискредитирале законот. Но, да Му ја препуштиме грижата на Бог, кој го напишал овој текст, да ја одбрани честа на Својот закон. Трајната чест на овој закон се состои во тоа што не може да го оправда престапникот. Законот од човекот бара совршена праведност исполнета во Христовиот живот. Ниеден човек никогаш не живеел како што живеел Христос – сите се виновни. Совршенството и величеството на законот ги наведува грешниците да извикаат – „што да правиме?“

Понекогаш се добива претстава дека ако Христос само би го избришал извештајот од минатото, човекот би можел добро да помине. Тоа бил проблем кај Евреите (Римјаните 10:2-3). Не постои човек на земјата кој во себе би можел да направи дело кое е толку чисто и ослободено од себичноста, како да го направил Христос. „А сè што не е од вера, грев е“ (Римјаните 14:23). Проповедта која што не е испроповедана по вера е грев за кој човек треба да се покае. Многу мисионска работа е направена од сите нас, за која треба да се покаеме.

Никогаш не постоел подобар човек од Павле, како човек. Ако било кој човек, не сметајќи го Христос, некогаш направил добро дело, тоа е Павле. Сепак морал да го смета како загуба (штета) сето она што го имал, само за да би го задобил Христа (Филипјаните 3:4-8). Псалмистот кажува дека Бог не им ускратува ниедно добро на оние кои исправно одат (живеат). Ако Палве, пред да го пронајде Христос, имал нешто во својата природа што било добро, можел тие работи да ги понесе со себе. Но тој сè сметал за загуба.

А сега, независно од Законот, се јави Божјата правда, за која сведочат Законот и пророците
(Римјаните 3:21 ; Библија)

СТИХ 21:
Законот ќе сведочи на судот во прилог на праведноста која грешникот ја прима без законот, сведочејќи за нејзиното совршенство. Единствено, наместо да произведеме праведност од нас самите, каде не може да се најде никаква праведност, да појдеме на изворот (стих 22).

22 и тоа Божјата правда, преку верата во Исуса Христа, за сите кои веруваат, бидејќи нема разлика;
(Римјаните 3:22 ; Библија)

СТИХ 22:
Сите луѓе се во иста положба. Ќе бидеме благодарни на Бог што е спремен да нè спаси на ист начин како што ги спасува другите. Планот на спасение е план на давање и примање; давање од Божјата страна, а примање од страна на човекот. Гордоста на срцето се буни заради оваа зависност од Бога; но ние сме неспособни, питачи, бедни, сиромашни и голи. (Откровение 3:17). Единственото што можеме да го направиме е да купиме бели облеки. Тие се понудени без пари и без плаќање. (Исаија 51:1).

Пророкот се радувал во Господа, затоа што Бог го облекол во облеките на спасението и го покрил со плаштот на праведноста. Ние не треба самите да се облечеме. Да му го повериме тоа на Бога. Кога Бог облекува, тоа не е само надворешна облека; туку Тој со тоа го проникнува (проткајува) човекот, така што човекот е самата праведност.

Некогаш слушаме луѓе како говорат дека ние мораме да се облечеме себеси во прилично пристојна облека, пред да би можеле да побараме бела облека. Но токму потребата и беспомошноста е она што го препорачува просјакот за да му биде дадена милостина.

„Сите згрешија и лишени се од славата Божја“ Сите луѓе се наоѓаат во иста положба и понудената милост е за секого што ќе дојде и ќе земе од водата на животот бесплатно. Ние сме „оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос“ (Римјаните 3:24).

 

 

Pin It on Pinterest