Бог не гледа кој е кој.
Законот – стандард за суд.
Послушност од срцето.

1 Затоа немаш изговор човеку, кој судиш – кој и да си ти – зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото. 2 А знаеме дека Божјиот суд е според вистината врз тие, кои прават такви работи. 3 Мислиш ли, о човеку, кој им судиш на оние, кои прават такви работи, а истото го правиш, дека ќе го избегнеш Божјиот суд? 4 Или ги презираш: богатството на Неговата благост, кротоста и долготрпеливоста, а не знаеш дека Божјата добрина те води кон покајание? 5 Но со твојата закоравеност и со непокајаното срце самиот собираш гнев врз себе, за денот на гневот и на откривањето на праведниот Божји суд,6 Кој ќе му даде секому според неговите дела: 7 на оние, кои со трпение прават добро и бараат слава, чест и непропадливост – вечен живот; 8 а на оние, кои се противаат и не и се покоруваат на вистината, а се покоруваат на неправдата – гнев и јарост. 9 Неволја и мака на секоја човечка душа, која прави зло; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! 10 А слава, чест и мир за секого, кој прави добро; а најпрвин на Јудеец, па и на Грк! 11 Зашто Бог не гледа на лице. 12 Зашто, кои згрешиле без Закон, без Закон и ќе загинат; а сите кои згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат осудени. 13 Бидејќи, пред Бога не се праведни оние, кои само го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани оние, кои се извршители на Законот. 14 Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат – по природа – она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон. 15 Тие покажуваат дека делото на Законот е напишано во нивните срца, за што сведочат: нивната совест и нивните мисли, што меѓусебно се обвинуваат или се бранат, 16 во Денот, кога Бог преку Исуса Христа, според моето Евангелие, ќе ги суди човечките тајни. 17 Ако ти, кој се наречуваш Јудеец, се потпираш на Законот и се фалиш со Бога, 18 ја знаеш Неговата волја и, поучен од Законот, знаеш да го избереш подоброто; 19 и си уверен дека си водач на слепци, светлина на оние, кои се во темнина, 20 воспитач на неразумните, учител на младите, зашто имаш во Законот олицетворување на знаењето и вистината; 21 и така, ти, кој го учиш другиот, не ли се учиш самиот себе? Ти, кој проповедаш да не се краде, крадеш ли? 22 Ти, кој зборуваш да не се прави прељуба, не вршиш ли прељуба? Ти, кој се гнасиш од идолите, ги ограбуваш ли нивните храмови? 23 Ти, кој се фалиш со Законот, Го обесчестуваш ли Бога со престапување на Законот? 24 ”Па заради вас се хули Божјото име меѓу народите” – како што е напишано.  25 Секако, обрезанието е полезно, ако го исполнуваш Законот; но ако си престапник на Законот, твоето обрезание станува необрезание. 26 И така, ако необрезаниот ги пази прописите на Законот, нема ли неговото необрезание да му биде сметано како обрезание? 27 И така, оној, кој не е телесно обрезан, а го исполнува Законот, ќе ти суди тебе, кој си престапник на Законот – и покрај тоа што го имаш словото на Законот и обрезанието. 28 Зашто не е Јудеец оној, кој е тоа надворешно, ниту е вистинско обрезание она, што е надворешно – врз телото – 29 туку Јудеец е оној, кој е тоа во внатрешноста; а вистинското обрезание на срцето е по Дух, а не по буква. Неговата пофалба не е од луѓето, а од Бога.
(Римјаните 2:1-29 ; Библија)

Првото поглавје од посланието до Римјаните, после неговиот вовед, може да се сумира како опис на состојбата на човекот без Бог и начинот на кој се доаѓа до таа состојба. Причината за оваа состојба може да се изрази со еден збор – неверство.

Рака под рака со неверството е самоузвишувањето, а со верата – понизноста. Го изгубиле Бог „зашто, иако Го познаа Бога, не Го прославија како Бог, ниту покажаа благодарност; туку станаа суетни во своите мисли и нивното неразумно срце се помрачи.“ (Римјаните 1:21). Сè си припишале на себеси и кога пораснале во сопствените очи, верата во Бог се намалила, сè додека не се нашле во темнината на идолопоклонство.

Луѓето во деновите на Платон, Сенека и Марко Аурелие го поучувале тоа што тие го нарекувале наука за моралот. Конфучие поучувал на морални прописи. Но она што на сите нив им недостасувало е тоа што не им говореле на луѓето како да го чинат тоа добро кое што го поучувале. Дури и оние кои поучувале наука за моралот и доблестите, самите ги практикувале работите кои ги осудувале и на големо потфрлиле во исполнувањето на она што го установиле како морална должност.

Додека тие учители ни говорат што да правиме, но пропуштаат да ни дадат сила со која е возможно тоа да се прави, религијата на Исус Христос не само што објавува што е исправно, туку и ни дава способност да го правиме тоа што е исправно. Според тоа, ако Христос не е вткаен во учењето, самиот напор да се поучува морал е едноставно стара пагнаска наука за моралот, која претставува неморал.

Скоро сите признаваат дека државата не треба да подучува христијанство, меѓутоа некои кажуваат дека мораме да подучувеме морал независно до тоа. Науката за моралот одвоена од Исус Христос е неморал; таа претставува грев.

Делата на телото се јасно формулирани во последниот дел од првото поглавје. Тие се наоѓаат кај секој поединец што не е обратен кон Христа; ние ги обвинуваме паганите заради правење на тие работи, но „Бог не е пристрасен“ (Бог не гледа кој е кој) (Римјаните 2:11) и Тој ја осудува во иста мера таквата пракса кај нас, покажувајќи ни дека не сме подобри од нив.

„Затоа немаш изговор човеку, кој судиш – кој и да си ти – зашто судејќи го другиот, самиот се осудуваш; бидејќи ти кој судиш, го правиш истото.“
(Римјаните 2:1 ; Библија)

Секој што знае доволно за да може да го осуди злото кај паганите, самиот е осуден, бидејќи ги прави истите работи.

Првиот дел на второто поглавје од посланието до Римјаните, може да се сумира во констатацијата дека Бог не гледа кој е кој. Тој секому ќе му врати според неговите дела. На судот не зема во обзир ништо друго, освен човечките дела. „И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело!“ (Откровение 22:12). „Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Татко, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде награда на секого според неговите дела.“ (Матеј 16:27).

Карактерот на делата ја покажува мерката на вера во Христос. Само исповедањето нема тоа да го покаже. „Мислиш ли, о човеку, кој им судиш на оние, кои прават такви работи, а истото го правиш, дека ќе го избегнеш Божјиот суд?“ (Римјаните 2:3). Бог не гледа кои сме и што исповедаме. Можеме да се наречеме христијани, да се преправаме дека го држиме законот и да ги сожалуваме јадните пагани, но Бог ги става во иста група сите кои пропуштаат да чинат добри дела.

„Зашто, кои згрешиле без Закон, без Закон и ќе загинат; а сите кои згрешиле под Закон, според Законот ќе бидат осудени“ (Римјаните 2:12). Овој стих заедно со оние кои следуваат, покажува дека законот е мерило според кое ќе му се суди на секој човек на светот.

Но што значи да се држи законот? Тоа значи да се држат сите негови прописи; нашата праведност мора да ја надмине фарисејската, која била само една надворешна форма. Ако мразиме, тоа е убиство (Матеј 5:22); ако имаме нечисти мисли, тоа е прељуба (Матеј 5:28); ако имаме нечисто срце, го престапуваме остатокот од законот. Можеме беспрекорно да се придржуваме на заповедта за денот за одмор (саботата), и да се придржуваме до надворешните обрски кои се пропишани во остатокот на законот, но нечистото срце го прави секој чин грешен.

Зашто кога народите, кои немаат Закон, го исполнуваат – по природа – она што Законот го бара; тогаш тие се, немајќи Закон, сами за себе закон.
(Римјаните 2:14 ; Библија)

Бог со посредство на различни средства и личности ставил доволно светлина во срцето на секој човек, да би го водела да го запознае вистинскиот Бог. Дури и самата природа го открива Бог на природата. И кога човек во најмрачниот паганизам има копнеж да го запознае вистинскиот Бог, ако е потребно Бог ќе му прати човек од другиот крај на светот за да му ја даде светлината на вистината.

Така, секој човек кој што конечно ќе биде изгубен, всушност ја отфрлил светлината која, доколку би ја ценел и внимавал на нејзе, би го довела до Бог.

Pin It on Pinterest