(текстот кој следува е дел од поглавјето „Знаците на последното време“ од книгата Времето и знаците)

Повеќе за најразурнувачките ефекти предизвикани од огромните бранови што би ги подигнал астероид од 6 милји кој би се урнал во океан! Еве како го опишува тоа Newsweek:

„Кога астероид од 6 милји би го погодил Мексиканскиот Залив, тој би создал бран висок 3 милји (над 4,8 км). Деветстотини милји понатаму (околу 1.500 км), џиновскиот воден ѕид сè уште би бил висок 500 метри. Таков астероид би предизвикал поплава во Канзас Сити“ (стр. 60).[1]

Дали Исус можеби рекол дека народите ќе бидат исполнети со тага, со страв, збунетост и во неизвесност поради паѓање на ѕвездите? Не, Тој рекол дека луѓето ќе бидат опфатени со тага, страв и збунетост поради бучавата на морето и ударите, разбивањето на морските бранови. Newsweek кажува дека астероид во океанот навистина ќе предизвика „морска бучава и силни бранови (цунами)“.[2] – Да, тогаш тие (морето и брановите) ќе ги преминат своите граници, навлегувајќи со силни налети длабоко во копното и оставајќи зад себе пустош.

Значи, планетата Земја се наоѓа на праг на криза на вековите каква што не постоела на неа уште од потопот, последна криза, придружена со заслепувачки несреќи и колосални, галопирачки катастрофи и катаклизми, ненадејни, страшни и неочекувани. Исус преткажал паѓање на ѕвезди, мрачни денови и големи бранови, цунами, исплашен човечки род, тага и метеж меѓу народите (Лука 21,25.26), преткажал време на сеопшта неволја која ќе го загрози опстанокот на човечкиот род.

__________________________

[1] Newsweek, 23 ноември 1992, стр. 3
[2] Исто

Pin It on Pinterest