25 Библиски стихови за учење на памет – за деца

Исус рекол:
„Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.“
(Јован 15:7 ; Библија)

Да ги имаме Исусовите зборови во нас значи дека тие играат централна улога во нашиот живот. Но, тоа не е случај само со зборовите кои Исус ги изговорил, туку и со целиот Божји Збор – Библијата. Тоа значи постојано да го читаме Божјиот Збор, да размислуваме и да се молиме за она што го читаме и да му дозволиме на Бог да ни помага да живееме во склад со тоа. Но постои и уште еден многу важен аспект кој се однесува на тоа Исусовите зброви да „останат во нас“, а тоа е учењето на Библиските стихови на памет.

Еден од најважните аспекти на еврејското образование во минатото, било учење на Божјите зборови на памет. Историјата ни потврдува дека и многу други христијани низ историјата го применувале ова начело. Со сигурност знаеме дека таков бил случајот со Валденжаните, кои напамет учеле големи делови од Библијата. Користејќи ги овие принципи тие се обиделе да ги втиснат Божјите зборови во срцата на младите. Од најраното детство младината била запозната со Библијата и била поучувана да гo сметаат за свет Библискиот текст. Копии на Библијата биле реткост, па според тоа им останувало нејзините драгоцени зборови да ги учат напамет – „да ја поседуваат Библијата внатре во себе“. Мнозина биле во можност да рецитираат големи делови од Стариот и од Новиот Завет. Не е ни чудо што овие мажи, жени и деца биле духовни џинови. Божјиот Збор бил врежан во нивните срца и умови и тоа им давало сила да останат верни на Бога, дури и во најтешките ситуации низ кои поминале.

Издвојуваме 25 Библиски стихови (или делови од стихови) за деца, кои можат лесно да се запамтат и повторуваат. Доколку вашите деца се помали, користете и невербален говор (покажување со рацете, мрдање со делови телото, користење мимики…) за да можат полесно да запамтат.

„Упатувај го детето по неговиот пат, па кога и ќе остари, нема да отстапи од него.“
(Изреки 22:6 ; Библија)

Псалм 56:3 – “Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам.”

Ефесјаните 4:32 – “Бидете љубезни еден спрема друг.”

Евреите 13:8 – “Исус Христос е ист вчера, и денес, и довека.”

Битие 1:1 – “Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.”

Филипјаните 4:13 – “Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.”

Псалм 139:14 – “Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни.”

Исаија 43:5 – “Не плаши се, зашто Јас сум со тебе.”

Колосјаните 3:20 – “Деца, слушајте ги вашите родители во сè, зашто тоа Му е угодно на Господа!”

Јаков 1:19 – “Секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев”

Псалм145:9 – “Добар е Господ спрема сите.”

Матеј 28:20 – “И еве, Јас Сум со вас во сите дни.”

Псалм 136:1 – “Славете Го Господа, зашто е добар.“

Лука 6:31 – “И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним.”

Исус Навин 24:15 – “Јас и мојот дом ќе Му служиме на Господа.”

1 Јованово 4:7 – “Да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога.”

Марко 10:27 – “За Бога сè е можно!”

Филипјаните 1:3 – “Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас.”

Исаија 40:8 – “Тревата се суши, цветот овенува, но Словото на нашиот Бог останува довека.”

Римјаните 12:21 – “Не оставај да те победи злото; туку победи го злото со добро!”

Пословици 15:1 – “Кроткиот одговор гневот го ублажува.”

Битие 28:15 – “И ете, Јас Сум со тебе; ќе те чувам каде и да тргнеш.”

Псалм 104:33 – “Ќе Му пеам на Господ преку целиот мој живот.”

1 Петрово 5:7 – “И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.”

Матеј 7:7 – “Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете.”

Филипјаните 4:6 – “Не грижете се за ништо.”

Pin It on Pinterest