Воспитување на тинејџери

Вашите деца повеќе не се мали деца. Тие се тинејџери и затоа е време да ги унапредите вашите родителски вештини, да соодветствуваат на новите предизвици. Најверојатно веќе сте забележале дека вашето дете има многу попроменливо расположение, отколку кога било помало. Сега имате многу повеќе работи на кои треба да мислите: останување надвор до покасно, излегување, екскурзија или годишен одмор без ваше присуство, ризик од пороци, подложни на манипулација, лесна раздразливост, возење во кола на свои другари кои се неискусни возачи, љубовни разочарувања… и обично по некој/а другар/ка кои предизвикуваат да ви се кренат веѓите секогаш кога ќе помислите на нив. Едно е сигурно, вашите тинејџери ќе го тестираат вашето трпение, вашите лимити на издржливост. Но, тие сеуште се ваши деца. И покрај фактот што одбиваат да го признаат тоа, вие сеуште сте им толку многу потребни – најпотребни!

Сите родители многу добро знаат дека е многу тешко да се биде родител на тинејџер, можеби и најтешко. Една од главните причини за тоа е што тие поголем дел од своето време го поминуваат под влијание на некој друг: професорите на училиште, врсниците, другарчињата, телевизијата, компјутерите и мобилните телефони. Повеќето родители чувствуваат дека и покрај нивниот труд, само малку влијаат на тинејџерите. Но, вистината е целосно спротивна. И покрај сите други влијанија, домот и понатаму има најголемо влијание. Домот повеќе од сѐ одредува колку ќе биде среќен тинејџерот, колку ќе биде сигурен и стабилен; како ќе се однесува кон возрасните, кон своите врсници и кон другарчињата, како ќе реагира на нови или непознати ситуации, како ќе се развивива неговата личност – која во огромна мера ќе го одреди останатиот дел од неговиот живот. Без оглед на многуте попречувања во животот на тинејџерот од сите страни, сеуште домот има најголемо влијание на неговиот живот. Тоа ни влева голема надеж дека сепак, како родители сме во можност за нашите тинејџери да направиме многу, најмногу. Но истовремено ја сфаќаме одговорноста која се наметнува во немањето можност да најдеме изговор дека неуспехот во воспитувањето не зависи од нас.

1. Домот – најголемото влијание во животот на еден тинејџер
Тинејџерот може да биде повисок, попаметен, посилен или на некој друг начин посупериорен од своите родители, но емоционално сѐ уште е дете. И понатаму му е потребно да чувствува дека родителите го сакаат и дека го прифаќаат. Доколку тинејџерот не го чувствува тоа, нема да се покаже во најдобро светло, ниту нешто ќе направи на најдобар начин. Така тинејџерот не може да го реализира својот потенцијал.
Релативно мал број тинејџери имаат среќа да чувствуваат вистинска љубов и прифатеност каква што навистина заслужуваат.

Продолжете со читање

2. Улогите никогаш не смеат да бидат заменети
Многу честа појава денес е замената на улогите, односно кога родителот од своето дете бара тоа во целост да ги задоволува неговите емоционални потреби. Без оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, мораме секогаш да ја одржиме нашата позиција на мајката или таткото во домот. Ние сме тие кои првенствено мораме да ги задоволуваме емоционалните потреби на нашите тинејџери, а не да го очекуваме обратното….

Продолжете да читате

3. Безусловната љубов како основен темел
Основен темел за здрав однос со тинејџерот е безусловната љубов. Само таа може да спречи проблеми како што се повреденост, чувство на вина, страв или несигурност поради чувство на несаканост. Само кога нашиот однос е заснован на безусловна љубов, можеме да бидеме сигурни во своето родителство, дека оди во добра насока. Без тој темел не е возможно вистински да го сфатиме или да го водиме тинејџерот, ниту пак да знаеме што да превземеме во врска со неговото однесување…

Продолжете со читање

4. Емоционалниот резервоар на тинејџерот
Важно е да се знае дека вашиот тинејџер има емоционален резервоар. Секако тоа е фигуративно изразено, но концептот е навистина реален. Тинејџерот има одредени емоционални потреби, а нивното задоволување (по пат на љубовта, разбирањето, подршката и така натаму) одредува како ќе се чувствува: дали ќе биде задоволен, лут, депресивен или радосен. Исто така, тоа силно влијае и на неговото однесување: дали ќе биде послушен или не, дали ќе негодува, дали ќе биде расположен, повлечен… Секако, колку е пополн резервоарот и чувствата ќе бидат попозитивни и однесувањето ќе биде подобро. Од тинејџерот можеме да очекуваме да биде најдобар и да дава сѐ од себе само кога неговиот емоционален резервоар е полн….

Продолжете со читање

5. Насочено внимание
Давање на насочено внимание на вашиот тинејџер подразбира многу повеќе од гледање во очи или физички допир. Гледањето во очи и физичкиот допир ретко бараат вистинска пожртвуваност од родителите, но насоченото внимание бара. Потребно е време, а понекогаш и прилично многу време. Тоа може да значи дека ќе морате да пружите насочено внимание тогаш кога повеќе би сакале да правите нешто друго. Може да се случи тинејџерот очајно да сака насочено внимание, токму тогаш кога родителот најмалку чувствува дека може да ја пружи…

Продолжете со читање

Серијалот продолжува
Останатите статии од овој серијал наскоро ќе бидат поставени…

Pin It on Pinterest