Боенки со Библиски мотиви
Со развојот на технологијата, изгледа како боенките да се повлекоа од процесот на учење кај децата. Иако боење на слики може да изгледа како еднставна задача, сепак постојат толку многу бенефити за развојот на децата, токму преку нивното ангажирање во процесот на боење.
Ќе наброиме само дел од нив:
1) Развој на прецизна моторика: Боењето им помага на деца да развијат добро држење со прстите. Тоа создава можност да вежбат држење на моливот на исправен начин и помага во развојот на фините моторички мускули на нивните раце, дланки и прсти.
2) Концентрација: Должината на детската концентрација се развива и подобрува со текот на времето. За боењето е потребна добра концентрација и ваквото фокусирање на една задача може да му помогне на детето да ја развие концентрацијата на сите нивоа.
3) Распознавање на боите: Боењето како активност поттикнува свесност за боите. Користејќи различни бои им овозможува на децата прилика да истражуваат различни комбинации и им дозволува да видат како можат да го променат изгледот на сликата.
4) Координација помеѓу очите и раката: Како што детето се обидува да бои во определеното поле со одредена боја, така се развива неговата координација помеѓу очите и раката. Кога децата за прв пат ќе почнат да бојат, тие ќе имаат потешкотија за да се задржат во внатрешноста на линиите, но како што ќе продолжат, нивната вештина ќе се подобрува. Кога ќе го усовршат тоа, ќе стекнат чувство на достигнување.
5) Чувство на достигнуање: Сите ние треба да ја користиме секја можна прилика за да им укажеме на децата дека се вредни и да им помогнеме во изградбата на нивната самодоверба. Кога ќе успеат да обојат некој цртеж така што ќе изгледа естетски убаво, тогаш не треба да бидеме скромни во изразувањето на нашето воодушевување. Самото тоа може да помогне во нивниот позитивен развој и нивната личност.
6) Креативност: Боењето стимулира креативно размислување. Додека бојат на цртежи со различен стил, тие самите ќе можат да развијат сопствен стил на цртање. Друг многу важен аспект е дека децата со текот на времето, пред да почнат да бојат некоја боенка ќе научат да планираат, да одлучуваат кои бои каде ќе ги искористат и по кој редослед да го обават боењето. Како што нивната самодоверба ќе расте, ќе се впуштаат во ризик и во експериментирање со бои, текстури и специјални ефекти нацртани со молив или фломастер.
Меѓутоа, бенефитите не завршуваат овде доколку боенките на кои ќе се бои се со нацртани Библиски мотиви. Децата ќе имаат одлична можност да ги осознаваат Библиските извештаи, на еден интересен, креативен, живописен начин. Додека детето го бои цртежот, родителот или некој друг може да му го чита Библискиот извештај кој стои позади тој цртеж, може да извлекува разни духовни поуки и заклучоци, соодветни за возраста на детето. Најважно од сè е тоа што детето ќе биде свесно за Божјото постоење, Божјата љубов кон луѓето, смислта на животот, вечниот живот што Исус му го има подарено на секој човек…, и на еден интересен начин ќе биде под влијание на Библиските духовни вредности кои се неопходни за правилно развивање на неговиот карактер. Издвојуваме кратки текстови кои претставуваат прераскажување на Библискиот извештај прилагодено за деца, додека истовремено е наведен изворот на тој извештај. За секој таков текст се поставени по неколку боенки. На вас останува само да ги испечатите оние боенки кои мислите дека се соодветни за вашето дете и да го започнете процесот на креативно и интересно проучување на Библијата со вашето дете.
…зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.
(2 Тимотеј 3:15 ; Библија)
Приказната за Ное
Еднаш си живеел еден човек по име Ное. Тој бил личност која го сака Бога. И Бог исто така го сакал Ное. Но за жал, тоа било време кога луѓето биле водени од сатаната (ѓаволот) и правеле многу гревови. Бог ги сакал неговите деца, и затоа Бог бил многу тажен затоа што тие правеле гревови. Бог морал да смисли решение за да ги зачува праведните луѓе и да ги заштити од лошите….
Приказната за Адам и Ева
Откако Бог ги создал небесата и земјата и ги исполнил со живот од секаков вид, тој одлучил да го создаде човекот според Неговиот лик. И така Бог земал малку кал и ја обликувал калта во форма на човек. Потоа Бог дувнал во човекот од кал и му дал живот! Наскоро, човекот ги оворил своите очи и го видел чудото, кое било рајот. Бог првиот човек го нарекол „Адам“….
Приказната за создавањето
Дали некогаш сте се запрашале како настанал овој прекрасен универзум? Оваа приказна за создавањето ве носи назад во времето. Во почетокот немало ништо. Немало време, немало светлина, не постоело ништо освен Бог. Потоа Бог одлучил да ја употреби својата сила. На првиот ден, Бог ги создал небесата и Земјата. Но Земјата немала форма и било само темнина…