Извор: Стариот Zавет (Битие 1, 2 и 3)

Откако Бог ги создал небесата и земјата и ги исполнил со живот од секаков вид, тој одлучил да го создаде човекот според Неговиот лик.

И така Бог земал малку кал и ја обликувал калта во форма на човек. Потоа Бог дувнал во човекот од кал и му дал живот! Наскоро, човекот ги оворил своите очи и го видел чудото, кое било рајот. Бог првиот човек го нарекол „Адам“.

Бог многу го сакал Адам и создал прекрасна градина за него. Градината во Едем била дом на Адам. Но Бог наскоро видел дека Адам бил осамен и имал потреба од друштво. Затоа тој зел ребро од Адам и создал прекрасна жена. Адам ја нарекол својата жена Ева. Сега Адам и Ева биле многу среќни во нивниот прекрасен дом, во рајската градина. Тие имале сè што им е потребно, сета убавина од Божјото создавање била нивна. Но Бог сакал Адам и Ева да Му бидат послушни, затоа што тоа било најдоброто за нив, а Бог им го посакувал само најдоброто. Така, Бог им забранил да јадат од плодот од дрвото во средината на градината. Тоа било дрво на познавање на доброто и злото. Но сатаната (ѓаволот) не го сакал ова среќно семејство. Затоа тој се преправил во змија. Тој ја повикал Ева и ја прелажал да јаде од дрвото за познавање на доброто и злото.

Наскоро сè се сменило. Адам и Ева  повеќе не биле среќни и безгржни. Бог бил многу тажен бидејќи неговите деца, Адам и Ева, му биле непослушни. Но Тој не можел да ги сопре последиците од погрешниот избор на Адам и Ева. Тие морале да се сносат со последиците. Тоа подразбирало дека нивниот живот ќе биде тежок, и дека еден ден ќе умрат. Меѓутоа Бог толку многу ги сакал што неможел да се помири дека Адам и Ева и нивните деца и внуци нема да постојат. Затоа Бог решил да им даде втора шанса, па направил план за спасение, за секој што ќе го прифати тој план да може повторно да биде со Бог, во вечноста, на обновената Земја.

Лекција: Ние треба да го прифатиме планот на спасението и да веруваме дека ќе бидеме заедно со Бог и со сите спасени во вечноста.

 

БОЕНКИ:

Pin It on Pinterest