Литературното дело на Елена Вајт, кое опфаќа списи за различни области од животот и духовноста како што се религијата, образованието, здравјето, односите, евангелизмот, пророштвата, издаваштвото и исхраната, го надминале само неколку луѓе во историјата. Според еден истражувач, Елена Вајт е на трето место во историјата по број на јазици на кои се преведени нејзините дела и е најпреведуван американски автор без оглед на полот. Се смета дека напишала повеќе публикации од било која жена во историјата. По 70 години пишување, нејзиното дело опфаќа повеќе од 100.000 страници. Но сето ова станува уште  повоодушевувачко кога ја согледуваме трагичната траума која Елена ја доживеала во детството. Кога била на 9 годишна возраст, во 1836-та година, додека се враќала од училиште со другарките, почнала да ги следи една група на девојчиња. Во еден момент Елена се свртела, а едно од девојчињата кои оделе позади ја погодила со камен во лице, по што Елена ја изгубила свеста и многу крварела. Следните три седмици по несреќата Елена била во кома. Значаен губиток на крвта го оштетил нејзиниот респираторен систем, а последиците од тоа ја следеле целиот живот.

Иако била успешн ученик, последиците од несреќата по нејзиното здравје биле такви што не била во можност да следи редовна настава. Од тогаш мајка ѝ и била учителка, а полињата околу Портланд „лабораторија“.

Воодушевувачки е што Елена се борела на секој можен начин слабата здравствена состојба да не ја спречи во напредување во учењето. Всушност, несреќата како да ја направила поспособна и поупорна, а нејзината врска со Бога подлабока и посилна.

Педесет години подоцна напишала: „Немилосрдниот удар кој ја помрачи радоста на овој свет го насочи мојот поглед кон Небото. Можеби никогаш не би го запознала Исус, ако страдањата кои ме опкружија во детството не ме насочија да барам охрабрување во Него.“

 

Pin It on Pinterest