Политичко опкружување

Во текот на 1830-тите и 1840-тите години, Америка била сведок на многу општествени движења. Дошло до обединување на американските држави заклучно со Калифорнија во 1850 година. Војната со Мексико е завршена, а популацијата пораснала од 5 милијони во 1800 година, на 20 милијони во 1850 година.

Зголемениот број на емигранти влијаел на културата и често предизвикувал  огорченост и непријателство кај староседелците. Припадниците на Римокатоличката црква од Ирска, Италија и други европски земји не биле добредојдени поради превземање на работни места, како и заради нивната религиозна хомогеност која влијаела на постоечката униформност на протестанска Америка.

Односите помеѓу расите исто така биле предмет на политички превирања, кои ескалирале во текот на првата половина на векот, со колуминација во Граѓанската војна која била шок за Унијата. Како што земјата се движела кон конфликтот, така христијанските аболиционисти се повеќе зборувале против ропството.

 

Социјално опкружување

Кон средината на деветнаесетиот век потресувале социјалните промени, најмногу водени со филозофијата на индивидуализмот. Преседателот Ендру Џонсон „ја отворил вратата за ослободување на обичниот човек“ и се чинело дека е покрената секоја можна реформа.

Расната борба ги погодила повеќето општествени заедници и различни етнички групи како што се азијците, африканците, американците од шпанско потекло и домородците.

Употребата на алкохолот станало прашање од национално значење. Еден историчар ги опишал Соединетите држави како „ алкохоличарска република“. Годишната потрошувачка на алкохол по глава на жител пораснала од 3 галони (околу 11 литри) во 1800-тите на 4 галони ( приближно 15 литри) во 1830-тите години.

Последната половина од службата на Елена Вајт се поклопила со феноменот на индустријализација. Нацијата родена на фармите се селела во градовите. Промената на начинот на живот подразбиал многу нови и тешки прилагодувања. За повеќето протестанти, градот бил симбол за сè што е лошо.

Друг фактор кој влијаел на поларизација во градовите бил класниот конфликт – упадливите богаташи станале предмет за завист на оние кои работеле во фабриките, а Америка за прв пат го слушнала терминот „организирана работа“.

Службата на Елена Вајт била паралелна со турболентните времиња на големите социјални промени. Таа пишувала многу за мрачните денови од Цивилната војна и угнетувањето на робовите, за миграцијата, движењето во градовите, последиците од употреба на алкохол и класната борба.

Pin It on Pinterest