(продолжува од претходниот ден) Вестите дека, според сопствено признание Исус од Назарет не е Месија, бргу се ширеле. На тој начин струјата на чувствата на народот во Галилеја се свртила против него, како што се случило тоа една година порано во Јудеја. О Израеле! Го отфрлиле Спасителот затоа што копнееле за освојувач што би им дал земна сила. Сакале јадење што поминува, а не она што трае вечно.

Со жалосно срце Исус ги видел оние што биле негови ученици како го напуштаат него Животот и Светлината на луѓето. Свеста дека неговото сожалување е потценето, дека неговата љубов останала невозвратена, неговата милост омаловажена, неговото спасение отфрлено, го исполнувала со неискажлива тага. Таквиот развој на настаните, каков што бил овој, го направил Човек на болката кој ја познава тагата.

Не обидувајќи се да ги спречи оние што го напуштале, Исус се свртил кон двенаесеттемина и рекол: „Да не сакате и вие да си отидете?“ Петар одговорил со прашањето: „Господе, кај кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот“, и додал, „ние веруваме и знаеме дека ти си Светец Божји.“

„Кај кого да отидеме?“ Учителите во Израел биле робови на формализмот. Фарисеите и садукеите постојано се расправале. Да се напушти Исус би значело да се упадне меѓу поборниците на обредите и церемониите и меѓу славољубивите луѓе што се стремеле кон сопствена слава. Учениците нашле пове ќе мир и радост откако го прифатиле Христа отколку што имале во целиот поранешен живот. Како можат да се вратат кај оние што го презирале и прогонувале Пријателот на грешниците? Долго го очекувале Месија; сега дошол и тие не можат да се откажат од неговото присуство и да преминат кај оние што сакале да го убијат, а нив ги прогонувале затоа што станале негови следбеници.

„Кај кого да отидеме?“ Не од Христовото учење, од неговите поуки за љубовта и милоста, во темнината на неверството, во пороците на светот. Додека Спасителот го напуштале мнозина што биле сведоци на неговите чудесни дела, Петар ја изразил верата на учениците: „Ти си Христос.“ Самата помисла да ја загубат оваа котва на своите души ги исполнувала со страв и со болка. Да се остане без Спасителот значи да се биде однесен со струјата на мрачното и бурно море.

Многу Исусови зборови и дела на ограничените умови им се чинеле таинствени, но секој збор и дело во работата на нашето откупување имале одредена цел; сè било испланирано да ја постигне својата цел. Кога би биле способни да ги разбереме неговите цели, сè би изгледало важно, потполно во хармонија со неговата мисија.

Иако сега не можеме да ги сфатиме Божјите дела и патишта, можеме да ја препознаеме неговата голема љубов која лежи во основата на сите негови постапки кон луѓето. Оној што живее близу до Исуса, во голема мера ќе ја разбере тајната на побожноста. Тој ќе ја препознае милоста што управува со укорот, што го испитува карактерот и ги изнесува на виделина намерите на срцето.

Ставајќи ја вистината на тест кој предизвикал толку многу негови ученици да се вратат назад, Исус знаел каков ќе биде резултатот на неговите зборови; но морал да ја исполни целта на милоста. Однапред видел дека во часот на искушението секој од неговите сакани ученици ќе биде жестоко искушуван. Неговите смртни маки во Гетсиманија, предавството и распнувањето, за нив ќе бидат најтешко искушение. Кога не би наишло претходно искушение, мнозина со нив би биле поврзани само од себични побуди. Кога нивниот Господ ќе биде осуден во судницата, кога мноштвото што го поздравувало како свој цар ќе вика против него и ќе го исмева, кога толпата што се под бива ќе извикнува: „Распни го, распни го“, кога нивните световни барања ќе бидат разочарани, овие себични луѓе со своето откажување од верноста кон Исуса, на учениците би им нанеле горка и тешка болка што ќе ја зголеми нивната жалост и разочарување поради уривањето на нивните најмили надежи. Во тој час на темнина, примерот на оние што го напуштиле би можел да одвлече и други. Меѓутоа, Исус ја поттикнал оваа криза со цел со своето лично присуство да може уште да ја засилува верата на своите вистински следбеници.

Откупителот, полн со сожалување, знаејќи ја во целост суд бината што го очекува, нежно ја израмнувал патеката пред учениците, приготвувајќи ги за нивното најголемо искушение и засилувајќи ги за конечната проверка!

Pin It on Pinterest