МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(12 – 18 јули: Дружељубивост во семејството)

„Нејзините синови се подигаат и ја нарекуваат блажена, и нејзиниот маж ја фали.“ (Пословици 31:28; Библија)

Домот за децата треба да биде најпривлечното место на светот, а најголемата сила на неговата привлечност е присуството на мајката. Децата се многу чувствителни и умеат да сакаат. Лесно е да ги направите среќни и задоволни, но лесно е да ги направите и несреќни.

Малите обично сакаат друштво, и ретко кога наоѓаат задоволство во самотија. Тие тежнеат за љубов и нежност. Мислат дека во она во што самите уживаат ѝ прави здоволство и на мајката.

Затоа, наместо своите деца да ги избрка од себе за да не ѝ досадуваат со својот џагор и да не ја вознемируваат со своите детски желби и потреби, мајката треба да им најде некоја занимација или некоја лесна работа за да ги вработи нивните секогаш активни раце и нивниот ум. Влегувајќи во нивните чувства и насочувајќи ги нивните забавувања, игри и сето она со што децата се занимаваат, мајката може да ја придобие нивната доверба. Со трпение, внимание и љубов, таа, мислите на своите деца, може да ги насочи во добар правец, изградувајќи во нив убави и привлечни црти на карактерот.

Мајката мора да внимава и своите малечки да не ги научи да бидат во сѐ зависни од другите, задлабочувајќи се само во себе. Не наведувајте ги никогаш на помислата дека тие се центарот на вниманието околу кој мора да се врти сѐ. Некои родители посветуваат премногу време и внимание во забавување на своите деца; меѓутоа, децата треба да се научат да се забавуваат сами, увежбувајќи ги на тој начин сопствената остроумност и спретност. Така ќе се научат да наоѓаат среќа во едноставните задоволства. Децата треба да се учат храбро да ги поднесуваат своите мали разочарувања и неволји. Изнаоѓајте начини на кои најдобро ќе можете да ги поучите своите деца да бидат внимателни кон другите.

Во Божјата Реч наоѓаме прекрасен запис за среќно семејство и за мајката која што во тоа ја има водечката улога: „Нејзините синови се подигаат и ја нарекуваат блажена, и нејзиниот маж ја фали.“

Pin It on Pinterest