МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(12 – 18 јули: Дружељубивост во семејството)

„Со кого другарував слатко и одевме сложно во Божјиот дом.“ (Псалм 55:14; Библија)

Опкружете ги свиоте деца со привлечноста на домот и со своето дружење со нив. Кога ќе го направите тоа, децата нема толку да копнеат за дружење со своите другарчиња. Со оглед на злата коишто денес преовладуваат во светот, и ограничувањата кои неизбежно мораат да им се наметнат на децата, родителите мораат да вложат двојно повеќе труд за да можат да ги приврзат кон своите срца, така што децата ќе увидат дека им посакувате среќа.

Родителите, вечерните часови, нека им ги посветат на членовите на своето семејство. Отфрлете ги грижите и проблемите коишто ви ги наметнуваат  вашите секојдневни обврски. Настојувајте тие вечерни часови да ги поминете во што попријатна атмосфера.

Организирајте во рамки на семејството круг на читање, во којшто секој член на семејството, ослободен од секојдневните работни грижи и проблеми, ќе може да се придружи во проучување. Нека татковците, мајките, браќата и сестрите сесрдно ја прифатат оваа задача, и набргу ќе видат дека домашните цркви многу ќе се поправат. Читајте литература која ќе ви донесе вистинско знаење и ќе ви претставува помош за целото семејство.

За да ги соберат децата околу себе, родителите мораат да покажат дека ги сакаат, тие мораат да покажат интересирање за сите нивни напори, па дури и за нивната игра, а понекогаш треба да бидат дури и како деца меѓу нив, за децата да бидат среќни и за да ја придобиете нивната љубов и доверба.

Доведени внимателно и љубезно под надзор на вистински христијански дом, децата нема повеќе да сакаат да лутат надвор од домот, барајќи друштво и задоволства. Злото нема да ги привлекува. Духот, којшто преовладува во домот, ќе го оформи нивниот карактер и тие ќе создадат навики и ќе прифатат начела кои ќе им послужат како силна одбрана од искушенијата кога ќе се случи да го напуштат опкружувањето на домот и го завземат своето место во светот.

Срцето на младите е подготвено бргу да одговори на допирот на сочувство и љубов.

Pin It on Pinterest