МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(15 – 21 ноември: Оние што ќе победат)

„Зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.“ (1-во Јованово 5:4; Библија)

Апостолите ѕидале на сигурен темел – на вековната карпа. На тој темел, тие поставувале камења коишто ги извадиле од големиот каменолом на овој свет. Градежната работа не течела без пречки и сериозни препреки. Нивните напори во многу биле отежнати со нападите од страна на Христовите непријатели. Биле приморани да се борат и против верското незнаење, предрасуди и омраза на оние коишто ѕидале на лажни темели.

Цареви и владетели, свештеници и главатари се труделе со сите свои сили да го разурнат и уништат Божјиот храм. Но, и покрај апсењето, мачењето и смртта, верните луѓе ќе продолжат да градат.

На воспоставувањето на христијанската црква ѝ претеле вековни жестоки прогонства, но никогаш не престанале да постојат луѓе на коишто делото на изградба на Божјиот храм им било помило од сопствените животи.

Непријателот на правдата ништо не пропуштил во своите напори да го спречи делото коешто им било доверено на Господовите градители. Бог никогаш не оставил а да не биде посведочено за Неговото име. Се подигале нови работници коишто биле во состојба да ја бранат „верата којашто еднаш им била дадена на светите“. Историјата бележи записи за постојаноста и вистинското херојство на тие луѓе. Мнозина од нив, како и самите апостоли, загинале чесно на својата должност, но изградбата на храмот и понатаму непрекинато напредувала. Работниците биле убивани, но делото не престанало да напредува. Валдежаните, Џон Виклиф, Хус и Јероним, Лутер, Цвингли, Крамер, Латимер, Кнокс, Хугенотите, Џон и Чарлс Весли, и многу други го доградувале храмот на веќе поставениот темел, материјал којшто ќе трае низ сета вечност.

Ако фрлиме поглед наназад низ вековите на минатото, ќе видиме како живите камења од коишто се состои оваа градба, како снопови на светлина, блескаат низ темнината на заблуди и празноверија. Овие скапоцени камења ќе блескаат со сѐ поголем сјај низ вечноста, сведочејќи за силата на божествената вистина.

Pin It on Pinterest