МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(15 – 21 ноември: Оние што ќе победат)

„Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот? Како што е напишано: ‘Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.’ Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби.“ (Римјаните 8:35-37; Библија)

Павле пропатил многу поради вистината, но сепак од неговите усни не слушаме ниту еден збор на жалење. Осврнувајќи се на својот животен пат одбележен со тешки напори, грижи и жртва, тој заклучува: „Зошто страдањата во овој живот не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие нам.“ (Римјаните 8:18; Библија)

Победничкиот извик на овој навистина верен Божји слуга, одѕвонувајќи низ вековите, допира и до нашите денови: „Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот? Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби. Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјаните 8:35.37-39; Библија)

Иако на крајот затворен во една римска темница, лишен од сончева светлина и чист воздух, одвоен од својата активна работа на ширење на Евангелието и секој момент очекувајќи смртна пресуда, Павле не им се предал на сомнежот и очајот. Од таа мрачна и суморна затворска ќелија допира неговото предсмртно сведоштво полно со возвишена вера и храброст, сведоштво коешто со вера и храброст ги инспирирало срцата на мачениците низ сите подоцнежни векови. Неговите зборови верно ги отсликуваат резултатите на потполна посветеност на Бога. „Зошто јас веќе сум излеан како жртва налевница, и времето на моето заминување настапи. Извојував добра борба, го завршив трчањето, ја запазив верата. Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување.“ (2 Тимотеј 4:8; Библија)

Раните и лузните од нашата борба, за нас ќе бидат, како што биле и за Павле, трофеи на нашата победа.

Pin It on Pinterest