МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 14 февруари: Дарови на Светиот Дух)

„А секому од нас му е дадена благодатта според мерката на Христовиот дар.“ (Ефесјаните 4:7; Библија)

Талентите што Христос ѝ ги доверил на Својата Црква претставуваат најблагородни дарови и балгослови примени со посредство на Светиот Дух.

„На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух, на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух; на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците. А сѐ тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.“ (1 Коринтјаните 12:8-11; Библија)

Сите луѓе не добиваат исти дарови, но Господ на секој Свој слуга му ветил по некој дар на Духот.

Пред конечното простување со Своите ученици, Христос „дувна во нив и им рече: ‘Примете Свети Дух!’“ (Јован 20:22; Библија) Освен тоа, Тој уште им рекол: „А еве Јас ќе го испратам на вас ветувањето на Мојот Тако.“ (Лука 24:49; Библија)

„А секому од нас му е дадена благодатта според мерката на Христовиот дар.“ (Ефесјаните 4:7; Библија)

„А сѐ тоа го прави еден исти Дух, Кој разделува секому, како што сака.“ (1 Коринтјаните 12:11; Библија)

Нам овие дарови ни се осигурани во моментот кога сме поверувале во Христа; меѓутоа, од нашето примање на Светиот Дух зависи дали вистински ќе ги поседуваме, и во колкава мера.

Бог не бара од нас задачата што е пред нас да ја извршуваме со сопствена сила. Тој ни ја осигурал божествената помош за во секое изненадно случување и за во секоја потреба кога човечките извори не се доволни. Тој ни ја дава подршката на Светиот Дух да ни помогне во секоја неволја и непријатност, да ја јакне нашата надеж и доверба, да ни го просветлува умот и да ни го чисти срцето.

Нема граници на корисност за оној кој, отфрлајќи го сопственото „јас“, дозволува Светиот Дух да делува во неговото срце, и којшто живее живот на потполна посветеност на Бога. Христос вели дека божественото влијание на Светиот Дух ќе ги следи Неговите следбеници до самиот крај.

Pin It on Pinterest