МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(20 – 26 декември: Активности во идниот живот)

„Зашто, како што новата небеса и новата земја, што ќе ги создадам, ќе траат пред Мене – слово е Господово – така ќе ви траат името и потомството. Од нова месечина до нова месечина, од сабота до сабота, секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице – говори Господ.“ (Исаија 66:22.23; Библија)     

Во почетокот, после големото дело на создавањето, Таткото и Синот одмарале во саботата. Кога „се доврши небото и земјата и сета војска нивна“ (Битие 2:1; Библија), Творецот и сите небесни суштества се радуваа гледајќи ја таа величествена глетка. Тогаш „воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа од радост Божјите дворјани.“ (Јов 38:7; Библија)    

„Кога ќе биде воспоставено сè, за кое Бог зборуваше од древноста преку устата на Своите свети пророци” (Дела Ап. 3:21; Библија), саботата на создавањето, денот во кој Христос почиваше во Јосифовиот гроб, сè уште ќе биде ден за одмор и радост. Небото и земјата ќе се соединат во славењето на Бога „од сабота до сабота“, а спасените, во непрекинато оддавање на благодарност, радосно ќе Му се поклонуваат на Бога и на Јагнето.     

Спасените нема да признаваат никакви други закони освен законите на небото. Сите ќе бидат една среќна и единствена фамилија, облечена во облеки на слава и благодарност. Над таа глетка повторно ќе запеат заедно утринските ѕвезди, а сите Божји синови ќе воскликнуваат од радост.

„И од нова месечина до нова месечина, од сабота до сабота, секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице – говори Господ!“ (Исаија 66:23; Библија)
„Тогаш ќе се открие Славата Господова, и секое тело ќе ја види.“ (Исаија 40:5; Библија)
„Како што земјата ги никнува своите растенија, како што во градината никнува семето, Господ ќе направи да никне правдата и пофалбата пред сите народи.“ (Исаија 61:11; Библија)
„Во оној ден, Господ над Воинствата ќе му стане круна на славата и сјаен венец на Остатокот на Својот народ.“ (Исаија 28:5; Библија)

Сè додека постојат небото и земјата, саботата нема да престане да биде знак за моќта и силата на Творецот. И кога едемското цвеќе повторно ќе цвета на земјата, овој свет Божји ден за одмор ќе го празнуваат сите под сонцето.

Pin It on Pinterest