МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(27 – 31 декември: Сè ќе ни биде разјаснето)

„А храм не видов во него; зашто негов храм е Господ Бог – Сèмоќниот, и Јагнето.“ (Откровение 21:22; Библија)     

Божјиот народ на Новата земја ќе има предност да одржува непосредна врска со Таткото и Синот. „Зашто, сега гледаме како во огледало – нејасно.“ (1-во Коринтјаните 13:12; Библија) Одблесокот на Божјиот лик, како во некое огледало, сега го гледаме во деловите на природата и во Неговото постапување со луѓето; но тогаш, кога темната завеса на смрттта ќе биде засекогаш тргната, ќе Го гледаме лице в лице. Ќе живееме во Неговото присуство и ќе ја гледаме славата на Неговиот лик.     

Ќе можеме да Му се обраќаме непосредно, со оној толку драг збор: „Татко наш“, што ќе го претставува одбележјето на нашата љубов кон Него, а и залогот на Неговата тесна заедница со нас. И Синот Божји, гледајќи ги наследниците на милоста, „не се срами да ги нарече браќа“ (Евреите 2:11; Библија). Тие сега се во посвето сродство со Бога отколку ангелите кои никогаш не паднале.   

Сета родителска љубов која од поколение на поколение протекувала низ каналите на човечките срца, сите изливи на нежност настанати во човечката душа, изгледаат како едвај приметливо поточе кон бескрајниот океан кога ќе се споредат со бескрајната и неисцрпна Божја љубов.     

Небото е всушност постојано приближување кон Бога преку Христа и колку повеќе живееме во блаженството на небото, толку повеќе ќе ни се открива Неговата слава; а и колку повеќе Го запознаваме Бога, толку посилна ќе биде и нашата среќа.     

А што може да претставува поголема небесна среќа од тоа, лично да се види Бог? Има ли поголема радост за грешникот кој е спасен со Христовата милост, од тоа да го види Божјото лице и да Го запознае како свој Татко?

Колкава  утеха и охрабрување е кога Го гледаме со очите на верата уште овде за гледајќи Го да Му станеме слични, а како ли ќе ни биде кога ќе Го гледаме лице в лице, ослободени од непровидните завеси на смртта и од било какви ограничувања?

Pin It on Pinterest