МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(4 – 10 јануари: Верата во мојот живот)  

„Надевајте се во Господа довека, зашто Господ е Вечна Стена.“ (Исаија 26:4; Библија)

Негова е големината и моќта, и славата, и победата и величеството. Да не престануваме да Го славиме и да го воздигнуваме бесконечниот Светец Израелев. Каков извор на помош и заштита можеме да најдеме во Него без никаков сомнеж и страв во секоја наша неволја и потреба! Човекот е полн со недостатоци, тврдоглав, бунтовен и пркосно непослушен на Бога, но сепак Бог е толку добар, стрплив и полн со сожалување и сомилост кон него. Тој е Господар на небото и на земјата, но води грижа за секоја наша потреба и точно знае сѐ што нѐ тишти, дури и пред да Му го изнесеме тоа во молитва.

Ние можеме да видиме само малку од патот пред нас, „но сѐ е голо и откриено пред очите на Оној за Кого се трудиме.“ Тој никогаш не се збунува. Седејќи на Својот возвишен престол, Тој е над секое пореметување во овоземските случувања, и пред Неговиот божествен поглед сѐ е откриено. Тој може да направи, сето она што во Своето провидение го дозволил да се случи, сепак да излезе на добро. Кога би ни било допуштено да ги оствариме сите свои планови, сигурно би направиле сериозни грешки. Своите предрасуди, своите човечки слабости, самоизмаменоста и незнаењето би ги изразиле многу пати. Но делото е Господово, во прашање е Неговиот интерес. Затоа Тој, оние кои што работат за Него, никогаш не ги остава без своите доверливи и сигурни божествени упатства.

Без оглед колку се тешки вашите одговорности и грижи, положете ги на Господа. Тој како чувар на Израелот никогаш не дреме и не спие. (Псалм 121:4; Библија) Потпрете се потполно на Господа. Оние што се надеваат во Него наоѓаат совршен мир во душата.

Понекогаш ќе ви се пристори дека неможете ниту чекор понатаму. Тогаш застанете и спознајте дека „Јас сум Господ”. (Излез 6:2; Библија) „Биди силен и биди храбар. Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.“ (Исус Навин 1:9; Библија) Верата е нашата најголема потреба.

Pin It on Pinterest