МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(4 – 10 јануари: Верата во мојот живот)

„Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: ‘Маловернику, зошто се посомнева?’“ (Матеј 14:31; Библија)

Животот не е секогаш сочинет од пријатно зелени пасишта и бистри потоци на свежа вода. Често наидуваме и на искушенија, болни разочарувања, и доживуваме оскудици и навистина тешки моменти. Погодени од совеста заклучуваме дека веројатно сме се оддалечиле од Бога, зашто ако верно сме оделе со Него не би требало толку да страдаме и патиме. Сомнеж и потиштеност ни ја обземаат душата и велиме: „Господ нѐ напуштил и нѐ мачи. Зошто дозволува да нѐ снајде сето ова? Доколку нѐ сака, Тој би ги отстранил сите потешкотии од нашиот пат.“

Тој не нѐ води секогаш по пријатни патеки. Доколку би правел така, често би се случувало во својата вообразеност и самозадоволство да заборавиме дека Тој е нашиот Помошник. Тој сака да ни се открие во Својата Семоќ за да ги задоволи нашите потреби, и затоа дозволува да наидат искушенија и разочарувања за да ја сфатиме сета своја беспомошност и да научиме да Го повикаме на помош. Тој може да направи освежувачки млазеви на вода да потечат и од гранитна карпа.

Никогаш на овој свет, сѐ додека не Го видиме Бога лице в лице, нема да можеме да дознаеме колку товар поднел Христос за нас и колку со задоволство би поднел ако и тие свои товари и грижи со детска доверба сме му ги предале Нему.

Во сѐ што Бог дозволува да го снајде Неговиот народ се открива Неговата љубов; и во сите тешкотии на животот: во болест, во секое разочарување и искушение ние треба со јасен и непоматен поглед да ја видиме светлината на Неговата слава во лицето на Исуса Христа и со доверба да го прифатиме водството на Неговата сигурна рака. Но со својата недоверба, ние премногу често го жалостиме Неговото срце.

Бог нѐ сака како свои деца, и многу сака да види како се издигнуваме над обесхрабреноста и потиштеноста со коишто сатаната сака да нѐ совлада. Затоа да не ѝ даваме место на недовербата. Да не ги преувеличуваме своите тешкотии. Подобро да зборуваме за Божјата љубов и за Неговата сила која се открила во минатото.

Pin It on Pinterest