МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(24 – 31 мај: Во здраво тело здрав дух)

„Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести.“ (Псалм 103:2.3; Библија)

Спасителот ги лечел и телото и душата на болниот. Евангелието претставува порака којашто го обновува, и духовниот живот, и физичкото здравје. Ослободувањето од гревот и исцелувањето од болеста биле секогаш нераздвојно поврзани. Таа иста служба му е доверена и на христијанскиот лекар. Во обновувањето, и на физичкото, и на духовното здравје на своите ближни, тој мора потполно да биде соединет со Христа. Тој за болните треба да биде весник на милоста, донесувајќи им лек, не само за заболеното тело, туку и на ранетата, од гревот, душа.

Кога несреќниот паралитичар бил донесен пред куќата во која што поучувал Христос, пристапот до Спасителот бил потполно оневозможен. Но запалениот пламен на верата и надежта во срцето на овој несреќен патник не згаснал, така што тој им предложил на своите пријатели да го спуштат непосредно пред Христа правејќи отвор на покривот од куќата. Христос знаел дека болниот го мачи чувството на вина и дека најнапред треба да го ослободи токму од таквиот товар. Гледајќи го со најнежни чувства, Спасителот му се обратил, не како на непознат странец, па дури не и како на пријател, туку како на оној кого што го прима во Божјoто семејство: „Охрабри се, синко. Ти се простуваат твоите гревови.“ (Матеј 9:2; Библија)

Мнозина повеќе патат од болести на својата душа отколку од физички болки, и таквите не можат да најдат олеснување сѐ додека не Му пријдат на Христа – изворот на животот. Тогаш престанува јадосувањето поради отфрленоста, осаменоста и незадоволството. Радоста поради стекнатото задоволство дава бистрина и сила на умот, а здравје и животна енергија на телото.

Христос и денес ја чувствува болката на секој патилец. Тој знае дека треба да каже: „Биди здрав“, а потоа налага: „Оди и не греши повеќе.“

Pin It on Pinterest