МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(24 – 31 мај: Во здраво тело здрав дух)

„Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам. Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж.“ (Псалм 16:8.9; Библија)

Христијанинот треба да живее така близу до Бога што ќе може да ја покаже и препорача сета возвишеност на „плодовите на правдата, кои се преку Исуса Христа, за слава и пофалба на Бога“. (Филипјаните 1:11; Библија) Неговото срце треба постојано да биде исполнето со оддавање на благодарност и слава на Бога. Тој секогаш треба да ги цени благословите коишто ги примил и да се потсетува на нив со благодарност.

Должност на секој христијанин е, наместо постојано да размислува за своите неволји и тешкотии, да негува ведрина и пријатно расположение. Мнозина не само што се измачуваат себеси на тој начин, туку го жртвуваат и своето здравје и среќа со мрачни и нездрави мисли. Во нивната средина има толку многу од она што е непријатно, така што тие постојано се намрштени, и со самиот израз на лицето, дури и повеќе отколку со зборови, изразуваат постојано незадоволство. Таквите депресивни емоции се многу штетни за здравјето, затоа што, сметајќи му на процесот на варење, тие ја уништуваат сета корисност на земената храна. Додека со тагување и грижа не се отстранува ниедно зло, туку може само повеќе да се зголеми, доброто расположение не само што го осветлува патот на другите, туку е и „живот за оние кои го наоѓаат и исцелување на сето нивно тело“. (Пословици 4:22; Библија)

Христос дошол на светот, кој бил унижен со гревот, за да му ја поврати неговата првобитна убавина. На новата земја нема да има ниту грев ниту болести. На нашето преобразено тело ќе му биде вратено првобитното совршенство и ќе го носиме беспрекорниот лик на нашиот Господ.

Развојот на христијанскиот карактер, тежнеејќи кон усовршување, претставува развој и во убавината. Како што срцето се менува со обновувањето на умот, благодатта на Духот го остава својот впечаток на лицето, изразувајќи нежност, мир, добрина, чиста и нежна љубов којашто валдее во срцето.

Секогаш да му оддаваме благодарност на Бога за сѐ што сторил за нас.

Pin It on Pinterest