15 Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам. … 17 Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене. 18 Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа, …  24 Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело! 25 Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!… (Римјаните 7:15-25 ; Библија)

Мнозина прават многу сериозна грешка мислејќи дека, кога се обратиле, исчезнало нивното старо грешно тело.

Со други зборови, тие прават грешка мислејќи дека треба да бидат ослободени од „телото“ така што истото ќе им биде потполно отстрането.

Потоа кога ќе установат дека тоа не е така, дека старото тело, заедно со своите склоности, искушенија и заведувања, сеуште е присутно, тие се обесхрабруваат и мислат дека воопшто не се обратени.

Кога малку би размислиле, би требало да бидат во можност да сфатат дека сето тоа е грешка. Откако сте се обратиле, нели сте го имале потполно истото тело, како пред да се обратите? Зарем откако сте се обратиле вашето тело не било составено од потполно ист материјал – исто месо, коски и крв – како и пред да се обратите? На овие прашања секој веднаш ќе одговори со „Да“. И јасно е дека тој одговор е точен.

Следуваат и други прашања: Не е ли телото од потполно ист квалитет како и порано? Не е ли сеуште човечко тело, природно – физичко тело, како и порано? И на ова секој би одговорил со „Да“.

Се наметнува следното прашање: Кога веќе е истото тело, од истиот квалитет, сеуште човечко тело, природно тело – не е ли и понатаму исто толку грешно тело како и претходно?

На ова последното мнозина се склони да одговорат со „Не“, иако би требало одлучно да кажат „Да“. И тоа „Да“ мора да трае додека се наоѓаме во ова тело.

Обратениот човек е потполно уверен дека во неговото тело нема ништо добро, и заради тоа никогаш нема да допушти да има и најмала доверба во телото.  Тој се потпира исклучиво на нешто друго. Не на телото, туку на Божјиот Свети Дух.

Бидејќи е постојано буден, сомнежлив и потполно без доверба кон телото, тој е подготвен без милост да го одбие и скрши секој поттик или сугестија која може да потекнува од телото. Заради тоа и не се разочарува ниту обесхрабрува, туку оди од победа во победа, од помала кон сè поголема сила.

Pin It on Pinterest