Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.15 Лекции за верата (петнаесетти дел) – 14 март 1899

ИЗБАВУВАЊЕ

„Живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.“ (Гал. 5,16.)

Колку благословено ветување! Колку што е благословено толку е и сигурно за секого кој верува.

Помислете на страстите телесни. Колку е тоа сеопфатно! Колку се строги нивните диктати! Колку е угнетувачка нивната власт! Колку е лошо ропството што го поставуваат врз човекот!

Секој го искусил тоа – имал желба да го направи тоа што го сака, а сепак го прави само злото што го мрази; може да се најде желба да се биде подобар, но како да го направи, тоа не може да се најде; „Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во своите телесни органи гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во гревовниот закон, кој е во моите органи;“ и, најпосле, вика: „Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта?“ (Рим. 7,14-24.)

Благодарение на Господа, постои избавување. Тоа се наоѓа во Исус Христос и во Божјиот Дух. Рим. 7,25; 8,1.2. И законот на Духот на животот во Исус Христос, ве ослободи од законот на гревот и смртта, затоа „живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.“ Не постои избавување само од ропството на распаѓањето; исто така има славно ослободување на Божјите деца за секоја душа која го прима Духот и живее по Духот.

„Живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.“

Погледнете ја листата на делата кои се од страстите на телото: „блудство, нечистота, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи, зависти, пијанство, пирови и други слични работи.“ Ништо од ова нема да направите, над сите овие работи ќе извојувате победа, кога ќе живеете по Духот. Тоа е верното Божјо слово.

Зарем не е тоа најпосакуваната перспектива? Зарем не е тоа нешто кое вреди да се поседува? А ако би можеле да го имате преку барање и примање, зарем не вреди да се побара и прими?

Прифатете го избавувањето кое Христос го има направено за вас. Стојте, стојте цврсто во слободата со која Христос нè ослободи.

„Посакајте и ќе ви се даде.“ „Зашто секој што моли, добива.“ „Примете Дух Свети!“ „Исполнете се со Дух,“ да, „Живејте во Светиот Божји Дух, со Кого сте запечатени до денот на откупувањето.“

(заклучно со овој текст завршува второто поглавје од оваа книга, кое е составено од петнаесет делови)

Pin It on Pinterest