Разоткривање на астрологијата

Интересен, па дури и шокантен феномен е тоа што во 21-от век – век на експлозивен напредок на науката и технологијата, астрологијата како псевдонаука и окулнтна дисциплина на пророкување, која потекнува од паганските царства на Стариот век и која е заснована на мистични начела и научни грешки, доживува голем процут. Стручна астролошка литература се умножува експоненцијално во денешно време, како и бројот на астролози и љубители на астрологијата. Никогаш во историјата на астрологијата, долга неколку милениума, не биле истовремено достапни толку различни видови астрологија и типови хороскопи. Никогаш технолошките алатки за нивната изработка не биле толку напредни. Никогаш не била толку присутна во секојдневните животи, ниту имала толку голем број поклоници, како денес.

Се поставуваат прашањањата:  Во што е тајната привлечност на астрологијата и нејзината популарност, па дури и за луѓето во 21-от век? Што е тоа што воопшто ги влече луѓето кон астрологија?

1. Привлечната моќ на астрологијата
…Интересно и значајно прашање е – Како астрологијата, која почива на паганскиот и политеистички сфатен универзум „се прошверцувала“ во доминантно христијанскиот свет на средниот и новиот век, а посебно во современото време?…

Продолжете со читање

2. Што е сето она кое денес толку силно ги води луѓето кон астрологијата?
Кај некои луѓе тоа е желбата за да се разбие грижата и за забава, за други таа е облик на комуникација, третите  во астрологијата гледаат можност подобро да ги искористат животните прилики, четврти да напредуваат како личности, некои мислат дека тоа е добра причина за да се занимаваат со себе си, а некои само сакаат да ѕирнат во иднината, поединци мислат дека таа е вдохоносен бизнис, а за мнозина астрологијата пред сè е обид да се контролира сопствениот живот и да се избегнат непријатностите од соочување со непознатото. Ќе проучиме подетално некои од овие патишта кои водат кон астрологијата.

Продолжете со читање

3. Астрологијата и науката (вовед)
Помеѓу астролозите често се слушаат тврдења дека астрологијата  е наука, па дури и тоа дека некои истражувања ја потврдиле нејзината веродостојност. Дали е тоа навистина така?

Продолжете со читање

3.1. Астрологијата и астрономијата
Од сите науки, астрологијата е историски најблиска до астрономијата. Во пред-модерните времиња астрономијата и астрологијата биле тесно поврзани. На пример, во древниот Вавилон астрономот кој ги следел небесните феномени и астрологот кој ги интерпретирал биле една иста личност, и тоа била честа пракса се до крајот на Средниот век…

Продолжете со читање

Серијалот продолжува
Останатите статии од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…

Pin It on Pinterest