Елизео Окапарида, Филипини

„Не плаши се, зашто Јас Сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас Сум Бог твој; Јас ќе те закрепам со Мојата победоносна десница“. (Исаија 41:10; Библија)

Матурирав на Филипините и одлучив да станам литературен евангелист пред да почнам да студирам. Им се придружив на студентите колпортери (луѓе кои продаваат книги) од Маунтин Вју колеџот и бев префрлен во Баколд Сити. Но, за жал, не продадовме ништо во текот на цели две седмици на работа.

Едно утро, иако обесхрабрен, одлучив да одам сам на колпортажа во една градска населба. Додека преминував улица, зборовите на нашиот водич одекнуваа во моите уши: „Ако видете дека портата е отворена, влезете!“ Кога видов една отворена порта, веднаш влегов. Здогледав два големи вучјаци како трчаат кон мене. Изгледаа дека се подготвени за напад, како да сакаат да ме распарчат на парчиња. Застанав трперејќи од страв. Брзо се помолив: „Господи, помогни ми!“ Одненадеж, двете кучиња се свртија и почнаа да се борат меѓусебно. Тогаш се појави газдата на куќата, и ми рече да влезам брзо во куќата, додека тој да фрли кофа вода за да ги раздвои кучињата од борбата. Тие престанаа и отрчаа во својата куќичка.

Човекот беше вознемирен од тоа што се случи. Ги хранел кучињата и не сфатил дека портата беше отворена. „Навистина ме исплашивте“, ми рече тој, „не можам да верувам дека кучињата при трчањето се свртија на друг правец, како некој да им наредил. Помислив дека ќе ве растргнат!“ Потоа праша: „Кој сте вие и зошто сте овде?“ Му објаснив дека со својата работа како литературен евангелист, ги плаќам своите студии на колеџ. Му покажав сет со библиски приказни за деца. Без ниту еден збор, го порача целиот сет и изрази желба книгите да му бидат доставени истиот ден попладне.

Тој ден на пат кон дома, Му се заблагодарив на Господа за ова искуство. Иако вознемирувачко, тоа ме зајакна и поттикна повеќе да се потпрам на Бога.

Денес, додека настојувам да работам за Господа, цврсто сум уверен дека Бог нема да нè остави сред проблеми и страдања. Му верувам, затоа што Неговиот збор ни вели: „Ќе те закрепнам со Мојата победоносна десница“.

Pin It on Pinterest