Бамал Алис Нго, Камерун

„Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница.“ (Исаија 61:1 ; Библија)

Еден ден додека колпортирав (продавав книги), Господ ми овозможи да разговарам со морнарскиот офицер кој имаше еден од највисоките чинови во нашата земја, но имаше и „пушачки стаж“ од цели 26 години. За време на воената обука, повеќе пати се обидувал да престане со пушењето, но безуспешно. Го охрабрив да го примени „5 дневен план за одвикнување од пушење“. Исто така го насочив кон посебен начин на исхрана, објаснет во истата книга која може да им помогне на луѓето за време на одвикнување од зависноста од никотин.

На почетокот не покажуваше заинтересираност за советите од книгата, но не се обесхрабрив. Се помолив во себе, изнесувајќи пред Бога факти дека тие книги се напишани токму за таквите Негови деца, како што е овој официр. Се молев Божјото име да може да биде прославено со тоа што на овој човек да му се подари уште една нова шанса да се спаси од навиката да пуши и на крај да биде во состојба да сведочи за Божјата сила која делувала во неговиот живот.

По неколку седмици, се вратив да го посетам и бев воодушевен гледајќи како го следи планот за одвикнување од пушење. Сакав да проверам како напредува, па повторно наминав кај него. Кога го видов, ме пречека со широка насмевка на лицето говорејќи: „Не само што се одвикнав од пушењето, престанав и да пијам алкохол.“ Се чувствуваше многу полесно и му се врати силата. Сфатил дека сатаната сакал да го зароби во неговата зависност, а дека Бог сака да го ослободи од тој затвор.

Искуството со морнарскиот офицер ми овозможи една од многуте можности да сведочам за Божјата љубов кон нас, да зборувам за Исус кој дошол да ослободи мажи и жени од ропството на попуштањето, на лошите навики и да ја објаснам улогата на Светиот Дух, кој може да нè сочува од паѓање. Како литературни евангелисти земаме сила од советот: „Оние кои се наоѓаат во Божјата служба мора да покажат сигурност и одлучност во работата на придобивање на души за Христа… Ние непрекинато треба да се потпираме на Престолот на милоста“.

Pin It on Pinterest