Брајан Ријус, Бразил

„Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.“ – Филипјаните 4,13

Росана Риос одлучила својот летен одмор да го помине работејќи како летературен евангелист. Еден ден, за време на посетата, додека ја придружувал помошниот директор на издавачката, куќа забележал дека е загрижена и исплашена. Била загрижена поради недоволното колпортерско искуство (искуство за продавање на книги) и стравувала дека нема да биде во можност да заработи парични средства за школувањето, за да биде физиотерапевт.

На крајот нејзиниот страв се претворил во солзи кои се пролевале на нејзиното лице. Помошниот директор ја тешел Росана кажувајќи ѝ кои се чекорите до успешно колпортерство, а потоа сè предале во Божји раце. Се упатиле во посета на еден медицински центар со повеќе ординации.

Работеле цел ден и во вечерните часови тргнале кон последната посета. Слушајќи ја презентацијата на книгите, сопственикот на претпријатието се одлучил да купи еден комплет книги. Росана била воодушевена и изненадена од продажбата на книгите, а помошниот директор ја прашал: „Зошто сега си среќна, затоа што успеа да ја завршиш продажбата или затоа што Бог секогаш е верен?“

Некои луѓе го користат горниот Библиски текст за да докажат дека Христос ќе ни помогне и дека ги превзема сите предизвици. Меѓутоа, во 11 стих апостол Павле нас нè поучува да бидеме задоволни дури и во непријатни искуства. Павле научил да биде задоволен во ситост или глад, во изобилство или сиромаштија (стих 12), бидејќи имал целосна доверба во Божјата верност. Дури потоа Павле објавува: „Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.“ Тоа била тајната на неговата среќа.

Сакам да ви го пренесам своето размислување: Да бидеш среќен тоа е искуство кое го постигнуваме учејќи се од Исуса. Нашата радост не завршува кога ќе се соочиме со проблемите. Не сме очајни кога нема решение за проблемот, бидејќи Господ ни дава сила, мир, надеж и самодоверба. Живеењето со Исус прави целосна разлика. Павле со молитва, размислувајќи за Речта и потпирајќи се врз Божјите ветувања, добил сила да се соочи со сите ситуации.

Покрај апостол Павле, Росана Риос научила да биде среќна без оглед на околностите. Нејзиниот сон да го заврши школувањето за физикална терапија бил остварен. Бог секогаш е верен. Тој сака да ги зацврсти и зарадува нашите срца во тешки времиња и во моменти на победа. Заедно со Исуса можеме да го победиме секое бреме!

Pin It on Pinterest