Марија К. Ниамоси, Кенија
„Не слуша ли Оној, што го засадил увото? Не гледа ли Оној, Кој го создаде окото?“ (Псалм 94:9 ; Библија)
Една од моите купувачи, долгогодишна познаничка, имала мозочен удар, поради што како последица не можела да зборува, голта и да ја придвижува ногата. Оваа жена ја познавав многу години. Од мене имаше купено многу книги. Кога ја видов во оваа состојба, неможев да поверувам дека е таа. Веднаш почнавме да се молиме за неа, верувајќи дека Бог може да ја исцели. Верувавме во Божјата благодат и милост, дека еден ден оваа жена ќе биде излечена. Потоа продолживме да се молиме постојано. Таа и покрај својата состојба одлучи да биде радосна. Се заблагодаривме на Бога што слухот ѝ беше поштеден, што постојано имаше насмевка на лицето и што одбиваше да потоне во очај.
Но што ја довело до таа состојба? Таа била сведок на суров напад на нејзиниот син тинејџер, од непознати луѓе со ладно оружје – пангасима (мачета). Била беспомошна, но викала на целиот глас додека не изгубила свест. Кога се освестила била во болница на интензивна нега како жртва на мозочен удар.
Додека закрепнувала, книгите кои ги купила од мене ѝ биле на големо охрабрување. Сфатила дека за да би можела повторно да живее нормален живот, ќе мора во потполност да се потпре на Бога. И самата таа истраја во молитвата.
За кратко време почна да се забележува напредок и ѝ се поврати здравјето. За жал, ја загуби работата како наставник, бидејќи отсуствувала подолг период. Меѓутоа оваа добра сестра, не се обесхрабри. Продолжи да ги чита и проучува нашите книги, кои ѝ помогнале да ја преброди кризата. Кога силата ѝ се вратила, се вратила на школувањето и завршила магистерски студии.
Таа денес сведочи дека советите од адвентистичките книги ѝ дале храброст целосно да се потрпре врз Бога и во пракса да го спроведе она што го чита. Неверојатно е што сѐ Господ може да направи за нас кога во целост ќе ја покажеме довербата кон Него. Нашиот Создател го слуша плачот на своите деца, ги гледа нашите борби и нетрпеливо сака да одговори на нашите молитви.