Емрис Симон, Тринидад и Тобаго

„Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, зашто ќе Ме барате со сето свое срце.“ (Еремија29:13)

Иако бев учителка одлучив да ја напуштам својата професија и да станам литературен евангелист со цело работно време, за подобро да им служам на луѓето на својот остров.

Сега го ширам Евангелието по пат на литература остварувајќи секојдневни средби со поединци кои сакаат да дознаат за Бога. Ова е едно од моите многубројни искуства.

Еден ден мојот сопруг и јас одржавме презентација „Копнежот на вековите“ на една мајка и ќерка. Со нив ја поделивиме убавината и едноставноста на тие книги кои помагаат во разбирање на Библијата. Ќерката воодушевено извика: „Видов дека книгата се рекламира на телевизија, додека ги менував каналите, и се прашував како да си купам примерок.“ Потоа продолжи: „Која е цената? Јас би купила една, а дали е можно да добијам и Библија?“  Мајката исто така побара Библија. Кога го напуштивме нивниот дом таа вечер, му се забагодаривме на Бог што нè доведе до нив.

Два дена подоцна се вративме во нивниот дом со „Копнежот на вековите“ и две Библии. Возбудата на ќерката не познаваше граници. Гледајќи го толкавото воодушевување, ја прашав дали би сакала да проучува Библија со мене. Подготвено го прифати тоа, а мајката напомена дека и таа би сакала да се придружи кон проучувањето. Ќерката, инаку сметководител рече: „Нешто ми недостасуваше во животот. Посетувавме различни цркви во потрага по насочување и пронаоѓање на подобар начин на живот. Не наоѓаме вистински одговори.“ Ги уверувавме дека проучувањето на Библијата и на „Копнежот на вековите“ ќе направи разлика во нивните животи.

Проучувањето на Библијата започна уште следната седмица. Нивната глад по духовна храна била толку голема што, кога наредната седмица стигнавме кај нив, тие веќе самите проучиле четири лекции и прочитале неколку глави од „Копнежот на вековите“. Како резултат на нивниот голем интерес завршивме со проучување на целиот серијал во рекордно време. Светиот дух ги поттикна да побараат крштевање. „Бог ќе ги употеби оние чии што срца се отворени за вистината и кои копнеат за Божјо водство.“ (Служба на колпортери, стр. 111) Денот на нивното крштевање беше чиста радост. Мајката и ќерката денес се радуваат на својата ново откриена вера, а Христијанската адвентистичка црква во Тобаго е благословена со нивната служба, додека активно се вклучени во сведочење за Божјата љубов.

Pin It on Pinterest