ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Дали знаевте дека додека го читате ова, сега вие светите? Тоа е точно, неодамна било откриено дека човечките тела испуштаат видлива светлина во екстремно мали количества на нивоа кои растат и паѓаат во текот на денот.

Истражувањата покажале дека оваа светлина е околу 1000 пати послаба од нивоата што можеме да ги видиме со голо око. Всушност, речиси сите живи суштества испуштаат различни количини на слаба светлина, која се смета за нуспроизвод на биохемиските реакции кои вклучуваат слободни радикали. Ова светло е различно од црвениот сјај на телесната топлина зафатена со инфрацрвени камери. Всушност, инфрацрвените камери покажуваат дека некои од најжешките делови од телото даваат многу малку светлина.

За да дознаат повеќе за ова светло, научниците во Јапонија користеле исклучително чувствителни камери способни за откривање на еден фотон, најмалата единица на светлина. За три дена, пет здрави млади мажи биле поставени без мајци пред камерите. Седеле во совршено темни простории со светлост за 20 минути на секои три часа од 10 до 22 часот. Истражувачите откриле дека сјајот на луѓето се зголемувал и паѓал во текот на денот, со најниска точка во 10 часот и врвот во 16 часот.

Резултатите покажувале дека овие емисии на светлина се поврзани со нашите флуктуирачки метаболички ритми. Бидејќи оваа слабо светло е поврзано со метаболизмот, овие наоди сугерираат дека во иднина специјалните камери, кои можат да забележат емисии на светлина од лице, ќе можат да помогнат во идентификување на здравствените состојби. Исто така било откриено дека нашите лица сјаат повеќе од останатиот дел од телото, најверојатно затоа што циркулацијата на лицето е пoгуста и поблиска до површината.

Дали знаевте дека Библијата зборува и за човек со блескав лик? Таа вели дека кога Мојсеј слегол од планината, откако зборувал со Бога, луѓето рекле дека „од Мојсеевото лице блеска светлина“ („Кога Арон и сите Израелци видоа дека од Мојсеевото лице блеска светлина, не се осмелија да пристапат кон него.“ – Излез 34:30; Библија).

Поминете време со Бога и ќе блескате со духовен сјај. Со Неговата помош можеме да станеме светлина во мракот, размислувајќи за Оној, Кој „беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов.“ (Јован 1:9; Библија).

КЛУЧЕН БИБЛИСКИ ТЕКСТ
„Вие сте светлината на светот. Град кој лежи на рид, не може да се скрие; ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата. Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата.” (Матеј 5:14-16; Библија)

Pin It on Pinterest