ВОСХИТУВАЧКИ ФАКТ: Кога Стивен Пит бил дете, ја скршил ногата во болница – но никој не забележал сѐ до еден ден подоцна. Стивен и неговиот брат имале конгенитална аналгезија, што значи дека не чувствувале болка. Родителството бил монументален предизвик за нивната мајка Џенет Пит. Како деца, тие морале да бидат надгледувани 24 часа на ден за да бидат сигурни дека не се повредиле. Џенет се сеќава како таа морала да им ги одземе велосипедите бидејќи Стивен би легнал на земја и би го пуштил својот брат да вози по него. Понекогаш Стивен би ставил клучеви во електрични приклучоци, бидејќи му се допаднале вибрациите во неговата рака.

Исто како што болката е неопходен предупредувачки систем за телото, страдањето за Христос е знак дека едно лице избрало да го сврти грбот на гревот. Пред некој да се обрати, своето време го поминува барајќи земни задоволства и добивки: „Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот.“  (Римјаните 8:5; Библија)

Кога некој што живеел за задоволства почнува да „страда за праведност“, тоа е јасен знак дека тој не живее на начинот на којшто живеел предходно. („А ако и страдате заради правдата, бидете блажени! ‘Не плашете се, ниту се збунувајте од нивните закани,’ туку осветувајте Го во своите срца Христа како Господа, секогаш подготвени за одговор на секого, кој ја бара причината на надежта, која е во вас, но со кротост и со страв, имајќи добра совест, та оние кои го навредуваат вашето добро поведение во Христа, да се посрамат за она за што ве клеветат.“ – 1 Петрово 3:14-16; Библија). Петар вели така: „…зашто кој пострадал во тело прекинал од гревот, та останатото време на животот, во телото, да не го поминете според човечките страсти, туку според Божјата волја.“ (1 Петрово 4:1.2; Библија)

Христијаните го знаат тоа што другите не го знаат: наградите за живеење за Бога се вредни за секоја цена. Кога го разгледуваме на тој начин, страдањето за Бога повеќе не е товар, туку прослава – тоа е доказ за промена на животот.

КЛУЧНИ БИБЛИСКИ ТЕКСТОВИ
„Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир.“ (Римјаните 8:6; Библија)
„Зашто сметам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата, која ќе ни се открие нам.“ (Римјаните 8:18; Библија)

Pin It on Pinterest