Предизвик на љубовта
За сите оние кои сакаат да се борат за својот брак, следува серија од предизвици, кои доколку успеете да ги исполните, ќе ви донесат неверојатна промена во вашиот брак. Овие предизвици се тежок процес, но истовремено е процес кој нуди неверојатно задоволство. За прифаќање на овој „Предизвик на љубовта“ потребна е одлучност и непоколебливост.
Тоа не треба да се сфати како проба или краток тест, и оние кои брзо се откажуваат ќе останат без неговите главни предности. Ако му се посветите на овој процес секој ден, неговиот исход ќе го промени вашиот живот и вашиот брак. Сметајте го ова за предизвик кој ви го упатуваат оние кои тоа го искусиле пред вас и кои ги уживаат резултатите од него.
1. Вовед во „Предизвик на љубовта“
…Патувањето низ „Предизвик на љубовта“ не е процес со кој се обидуваме да го промениме вашиот/вашата сопружник/сопружничка, за да стане личност каква што сакате да стане. До сега без сомнеж сте откриле дека напорите да го промените својот животен партнер завршувале само со неуспех и разочарување…
2. Љубовта е трпелива
…Љубовта ќе ве вдахнови да станете трпелива личност. Кога ќе одберете да бидете трпеливи на негативните ситуации, вие одговарате на позитивен начин. Бавни сте на гнев. Одлучувате да имате долг фитил наместо избувлив темперамент. Љубовта ви помага да се смирите и да почнете да ширите милост на оние околу вас, наместо да бидете вознемирени и постојано да барате нешто. Трпението донесува внатрешен мир додека трае бурата. Никој не сака да биде блиску до нетрпелива личност….
3. Љубовта е љубезна
Љубезноста е љубов на дело. Ако трпението е реакција на љубовта да ги намали негативните околности, љубезноста е акција на љубовта да ги зголеми позитивните околности. Трпението отстранува од проблемот, љубезноста создава благослов. Првото е превентива, второ иницијатива. Овие две страни на љубовта се камен темелник на кој почиваат многу од останатите својства на љубовта, до кои ќе допреме во текот на овој серијал….
4. Љубовта е несебична
Живееме во свет кој е заљубен во „себе“. Културата која нѐ опкружува нѐ учи да се насочиме кон својот изглед, чувствата и личната желба како на главен приоритет. А целта е, се чини, да се достигне најголемото возможно ниво на среќа. Опасноста од ваквиот начин на размислување станува болно очигледна кога тоа ќе се покаже внатре во брачната заедница.
Ако воопшто постои збор кој во суштина значи спротивно од љубовта, тоа е себичноста….
5. Љубовта размислува
Љубовта размислува. Таа не е некое неразумно чувство кое го поттикнуваат само емоциите, а кое е ментално заспано. Таа е окупирана со мислите, бидејќи знае дека добрите мисли им претходат на добрите дела.
Кога штотуку сте се заљубиле ви било природно да бидете замислени. Сте поминувале часови фантазирајќи за тоа, како вашиот/вашата сакан/а изгледа, прашувајќи се што прави, вежбајќи ги највпечатливите зборови, а потоа ужувајќи во слатките спомени на времето кое сте ги поминале заедно. Искрено сте признавале: „Не можам да престанам да мислам на тебе!“
Но, за повеќето парови, тоа почнува да се менува по стапувањето во брак….