Духовноста и грижата за телесното здравје

Многу луѓе се опседнати со својот физички изглед и се грижат за своето тело дури и повеќе од потребното. Од друга страна, постојат луѓе кои се грижат за развојот на духовниот аспект во својот живот, но истовремено ја запоставуваат неопходната грижа за своето тело. Како Бог гледа на нашето тело? Дали можеме да напредуваме во духовноста, додека истовремено го занемаруваме нашето телесно здравје? Во која мера грижата за телесното здравје влијае на духовноста? Како внесувањето на штетни продукти преку исхраната се одразува на одлуките кои ги донесуваме? Што да правиме со нашите нездрави навики? Дали неопходната грижата за своето телесно здравје ја доживувате како измачување, или пак како привилегија со која сте удостоени да го прославите Бога во вашето тело – кое е храм на Светиот Дух?
Како Бог гледа на нашето тело
– Нашето тело Му припаѓа на Бога – Исус плати и за нашето тело кога умре за нас на крстот – Божјиот Дух живее во нашето тело – Бог очекува да се погрижеме за нашето тело – Бог ќе ги преобрази нашите тела во прославени тела Започнете со читање
Навиките се клуч за промената
Што го прави напуштањето на лошите навики и создавањето на нови, толку тешко? Прочитајте за четирите најчести причини: 1) Бегство во нездравите навики 2) Се идентификуваме со нездравите навики 3) Нездравите навики имаат моментални задоволства но долгорочни последици 4) Имаме непријател кој постојано се труди да нѐ обесхрабри Започнете со читање
Пет елементи за трајни промени
1. Трајната промена бара да го изградиме нашиот живот на вистината 2. За трајната промена неопходни се мудри избори 3. Трајната промена бара нов начин на размислување 4. На трајната промена неопходен ѝ е Светиот Дух во нашиот живот 5. Трајната промена бара искрена заедница Започнете со читање  
Верата и телесното здравје
Да поставиме едно прашање: Дали се откажувате од вашата вера секогаш кога ќе наидете на тешкотија, или на некој судир? Дали велите: „Боже јас ова не го можам. Не можам постојано да го правам, тогаш зошто воопшто да се трудам?“ Започнете со читање
Основи во исхраната
Дали сме помислиле дека храната може да исцелува? Ова е едно од најголемите научни откритија по откривањето на антибиотикот: храната е лек. Хрната е најмоќниот лек на планетата. Таа може да го подобри влијанието на илјадници гени, да балансира голем број на хормони, и да ги оптимизира протеините во организмот. Храната може да ги излечи и најхроничните болести и делува побрзо, подобро и поефтино од било кој лек – без притоа да има несакани последици. Започнете со читање
Серијалот продолжува
Останати статии од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…

Pin It on Pinterest