Што навистина знаеме за исхраната? Верувале или не, оброкот е нешто повеќе од само дневен оброк. Исхраната може да го обнови нашето здравје, да ги поврзе семејствата, да ја оживее заедницата, да ја подобри животната средина, помага во решавање од зависностите, па дури може да им помогне на децата да постигнат подобри резултати на училиште.

Дали сме помислиле дека храната може да исцелува? Ова е едно од најголемите научни откритија по откривањето на антибиотикот: храната е лек. Хрната е најмоќниот лек на планетата. Таа може да го подобри влијанието на илјадници гени, да балансира голем број на хормони, и да ги оптимизира протеините во организмот. Храната може да ги излечи и најхроничните болести и делува побрзо, подобро и поефтино од било кој лек – без притоа да има несакани последици. Храната содржи пораки, инструкции и информации кои му кажуваат на нашето тело што да прави во одреден момент за да се зголеми виталноста или пак обратното, да создаде болест. Секој залак кој го земаме е прилика преку која се насочуваме или кон исцелување или кон болест.

Вистинската непреработена храна која доаѓа од земјата, храна која е создадена од Бога – исцелува, додека пак преработената индустриска храна произведена во фабриките од човекот го разорува здравјето.

Секоја втора личност страда од некоја болест: срцеви проблеми, дијабетис, канцер, автоимуна болест, алергии, киселини во желудникот, иритабилни црева, депресија, расеаност, хиперактивност, проблеми со тироидната жлезда, хормонални проблеми, менструални проблеми, проблеми со кожата вклучувајќи егзема, псоријаза, акни и многу други болести. За сите овие болести се троши неверојатна сума на пари на лекови, често пати лекови кои се земаат постојано без прекини.

За жал многу од нас не јадат вистинска храна повеќе, туку јадат храна произведена во фабрика, идустриски производи со минимални или никакви нутритивни вредности. Ова треба да нѐ потикне да застанеме и да размислиме. Дали треба да внесуваме сѐ и сешто во нашето тело? Националниот институт за здравје на светско ниво троши неверојатна сума на пари за решавање на проблемот со дебелината. А решението ни е пред очи: промена на начинот на исхрана.

Често пати луѓето мислат дека брзата храна е соодветна за нив со оглед на времето и темпото во кое живееме. Подолго време, изумот на конзервирана, полуприготвена пакувана храна, изгледа како одлична идеја за полесно готвење и погодна за инстант брзи оброци. Но подоцна откриваме дека она што сме го сметале за одлична идеја нѐ доведува до депресија, дебелина, замор, а после одредено време на конзумирање до потреба од безброј лекови за современите болести, како што се срцевите заболувања, депресијата и проблеми со киселини во желудникот. Колку одлична идеја е ова за вас?

Добрата вест е дека животот во полнота и виталност е на дофат на раката. Всушност, тој се наоѓа во нашата кујна. Затоа, време е да се вратиме назад во нашата кујна и да си го повратиме здравјето. Најчесто сме убедени дека тоа одзема време и дека е скапо и тешко да се храниме здраво, но всушност, реалноста е дека уживањето во вистинска свежа здрава храна е лесно, не е скапо и што е најважно е многу вкусно.

Всушност, планот за исхрана е моше едноставен: Се отфрла нездравата храна, а се внесува здрава храна. Изброт е наш. Нема да се фокусираме на она што не треба да го јадеме онолку  колку што ќе се фокусираме на она што треба да го внесеме – здрава храна полна со неверојатни вкусови, богат нутритивен состав и скриени задоволства. Идејата е, ако расте во градината – јадете го, но ако е произведено во фабрика, држете се подалеку од него. Една од препораките е да јадете многу зеленчук. Ако не ви се допаѓа зеленчукот, тогаш сигурно не е подготвен како што треба. Тој сигурно бил преварен, конзервиран, преработен неколку пати и без вкус.

Здравиот начин на исхрана ќе ја намали гладта, ќе го задоволи апетитот и ќе нѐ научи да си го слушаме телото. Можеби не можете да поверувате, но вашето тело природно ќе почне да ја отфрла нездравата храна, ќе се згрозува од преработениот шеќер и рафинираните производи, а ќе почнете да копнеете по вистинска храна.

Ви предложуваме да јадете природна храна која ќе донесе виталност и енергија на вашето тело и ум. Како што ќе почнете да внесувате свежо овошје, зеленчук, житарици од цело зрно, јаткасти плодови, вашето тело автоматски ќе одговори и ќе се исцели, па така, хроничните симптоми ќе почнат да исчезнуваат. Нашата филозофија е да се јаде домашно приговена храна која не е индустриски преработена.

Најдобриот лек за нашето здравје е наједноставното нешто, најлесното, најисцелувачкото, она што можеме да си го дозволиме, што е пристапно за секого: готвење на житарки од цело зрно, зеленчук и овошје, мешункасти плодови како и јаткасти плодови по можност.

Во Библијата е запишано:

„Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.“ (1-во Коринтјани 6:19-20; Библија)

Непроценлива чест е фактот дека скапо сме купени и дека нашето тело е храм на Светиот Дух. Доколку ја цениме можноста со која сме удостоени – да го прославиме Бога во нашето тело кое е храм на Светиот Дух, не смееме да си дозволиме да ја занемариме грижата околу нашата исхрана. Токму исхраната е еден од клучните фактори за одржувањето на нашето тело и нашиот дух во добра состојба. Како одговор на Божјата љубов кон нас, да донесеме одлука да бидеме послушни на Бога во сѐ, вклучувајќи ја и исхраната!

„Според тоа, јадете ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, правете сè за Божја слава!“ (1-во Коринтјани 10:31; Библија)

Pin It on Pinterest