Париз, 1875-та година, тројца научници веќе повеќе од две години работеле за овој ден. Тие внимателно се качиле во корпата на балонот „Зенит“, додека илјадници луѓе околу нив ги гледале. Биле решени да постават нов рекорд и да одат повисоко од било кој човек, што некогаш бил подигнат над земјата. Тој ден тие успеале во тоа, но по која цена?

Големиот балон полека се кревал во воздухот со тројцата научници во корпата, која се нишала под балонот. Се чинело дека сѐ е во ред, тие биле добри на патот кон нивната цел да се искачат повисоко од било кој друг човек.

Потоа на 7500 метри се случило тоа што се случило. Тисандиер, еден од тројцата, подоцна го опишал следново: „Кроче се бореше за здив, Сивел беше збунет но сѐ уште свесен за да исече уште три вреќички песок за да ја достигнеме целта од 8600 метри.“ Во тој момент Тисандиер не можел повеќе да издржи и се онесвестил на подот од корпата. По некое време откако балонот бил ослободен од товарот  на песочните вреќи и продолжил со својот подем, тој се разбудил. Тие достигнале височина од 8600 метри, но двајца од научниците лежеле мртви во корпата на балонот. Тие успеале да ја достигнат посакуваната висината, но пред да ја достигнат таа ги достигнала нив. Немало доволно воздух со скапоцениот животодавен кислород, за да се одржат во живот на таа голема височина.

Без воздух човекот умира. Воздухот е највиталниот елемент за човекот и животните. И човекот и животните можат да живеат со недели без храна, со денови без вода, но лишени од воздухот умираат само по неколку минути. Милјони луѓе страдаат од широк спектар на болести кои делумно се предизвикани од недоволно количество на кислород. Проблемот е што повеќето луѓе не дишат правилно, и ова постојано го ослабува нивното здравје, нивната среќа и одржувањето на самиот живот. Една од најзначајните изјави напишани за важноста на воздухот е следнава:

„За да имаме добра крв, ние мораме правилно да дишеме. Длабокото вдишување чист воздух што ги исполнува белите дробови со кислород ја прочистува крвта и како животворна река ја испраќа до сите делови на телото. Доброто дишење ги смирува нервите, го стимулира апетитот, го потпомага варењето и дава здрав окрепувачки сон. Ако не добиваме доволно кислород крвта низ вените тече забавено. Се задржуваат отпадните отровни материи што требало да бидат исфрлени при издишувањето, а крвта станува нечиста. Со ова не се погодени само белите дробови, туку и желудникот, црниот дроб и мозокот. Кожата станува жолтеникава, варењето забавено, срцето ослабнува, мозокот е замрачен, мислите расеани, духот го обзема тага и раздразливост, целиот организам е под притисок и неактивен и особено подложен на болести.“

Секоја ќелија од нашето тело мора да прима постојана доза на кислород, или ќе ослаби и ќе умре. Воздухот кој го вдишуваме мора да биде свеж со цел да ни биде од најголема полза. Кога дишеме застоен или загаден воздух нивото на кислород не е доволно за да ги одржи ќелиите силни и здрави.

Живототворниот воздух околу нас е најскапоцениот благослов од небото. Без него системот би бил исполнет со болести и би станал неактивен, апатичен, беспомошен. Свежиот воздух е од поголема полза за болните луѓе од било кои лекарства, од многу поголема полза од нивната исхрана. Илјадници умреле копнеејќи по чист воздух, кој им недостасувал (најчесто без да бидат свесни за тоа).

Од најголемо влијание за нашиот живот, за нашето здравје и среќа е да одржуваме свеж воздух во секоја соба во својот дом, особено во спалната соба. Ако не можеме да го отвораме прозорецот кога времето е премногу ладно, тогаш оставете ја отворена вратата од собата и од друга соба каде што ќе биде оставен подотворен прозорец. Дење и ноќе постојано нека циркулира свежиот воздух низ просториите во кои престојуваме низ целата куќа. Не дозволувајте да легнете да спиете во просторија во која не проциркулирал свеж воздух, повеќе во лето и помалку во зима – ова е неопходно за добро здравје.

И на ладно и на топло време свежиот воздух треба постојано да струи низ просториите. Кога е ладно да затоплиме, но не премногу затоа што со загревањето се уништува значаен дел од кислородот. Ако е неопходно облечете се потопло за колку што е возможно да дишите што е можно почист воздух постојано. Научниците тврдат дека за постојано свежа состојба на организмот неопходен е постојан проток на свеж воздух. Тоа е така затоа што кислородот ја прочистува крвта, придонесува во одржувањето на телесната температура, и е вклучен во процесот на транспорт на енергија со која се витализира секој орган и ткиво.

Др. Филип Велш вели: „Секој вид на терапија, секоја програма за здравје која не ја вклучува целосната и основната нишка за животот – чистиот воздух, апсолутно нема да успее да даде најдобри резултати. Снабдувањето на организмот со доволно количество кислород е основната нишка која ја одредува разликата помеѓу здравјето и болеста, животот и смртта. Најголема грешка е што болниот ноќе нема проток на свеж воздух – кислород, кој е храна за белите дробови. Кога белите дробови страдаат за кислород тие се како гладна личност која страда за храна. Затоа воздухот треба да го сметаме за скапоцен благослов кој Бог ни го обезбедил.“

Дали имате проблем да заспиете навечер? Обидете се со овој едноставен лек за несоница, кој навистина е добар: Направете постојано да има проток на воздух во собата (најдобро директно од прозорецот). Собата треба да е пријатна и да не е премногу ладна, но со доза на свеж воздух кој циркулира низ неа. Потоа можете да легнете да се опуштите и да го препуштите обновувањето во Божји раце. Притоа полека земајте длабоко неколку пати воздух, задржувајќи го за момент пред да го издишите. Дозволете вашиот ум да успори, вашите мисли насочете ги кон Бога, уживајте во мирот повремено вдишувајќи и издишувајќи длабоко, и за кратко време ќе ве обземе сонот.

Оние кои немаат циркулација на воздух во своите соби во текот на ноќта, генерално се будат со чувствство на исцрпеност, некој вид на треска или замор, и не им е јасна причината. Тоа е воздухот кој е од витално значење, кој му е потребен на целиот систем, но не го добил во доволни количини.

Наутро е добро да се практикува туширање и триење со сунѓер со што ќе се отстрани нечистотијата од кожата. Потоа потребно е пижамите и постелнината да се изложат надвор на свеж воздух. Потребно е и ролетните да се кренат и прозорците да се отворат за воздухот да циркулира постојано во спалната соба во текот на целиот ден. На овој начин креветот, постелнината и пижамите ќе бидат изложени на воздух, а нечистотијата целосно ќе биде отстранета од собата.

Всушност ова исто така е добар начин да го започнете утрото. Кога ќе се разбудите наутро земете длабоко воздух неколку пати, а потоа кога ќе станете, земете длабоко воздух уште неколку пати. Пред да појадувате излезете на воздух на прозорецот или на вратата и земете повторно длабоко воздух неколку пати, со благодарност за денот кој Бог ви го подарил да го живеете за Него. Од време навреме низ целиот ден, повторете ја оваа пракса на длабоко дишење. Понекогаш земете многу длабоко воздух со цел да ги проширите вашите бели дробови.

Воздухот, тој драгоцен дар од небото, кој сите можат да го имаат, ви носи благослов со своето живототворно влијание, ако не го спречите да влезе во вашиот дом. Прифатете го со добредојде и навикнувајте се да уживате во него, и тој ќе се покаже како драгоцено смирувачко средство за вашите нерви. За да биде чист, воздухот мора постојано да циркулира и да се менува. Под влијание на чистиот и свеж воздух и крвта поздраво ќе циркулира низ целиот организам. Тоа го зајакнува и освежува телото, додека во исто време поволно влијае и на умот создавајќи ведро и пријатно расположение. Тоа го поттикнува апетитот, го подобрува варењето и носи здрав и пријатен сон.

Развијте навика на длабоко дишење. Плиткото дишење е навика која лесно се развива но е штетна за целото тело. Многу луѓе дишат само со горниот дел од белите дробови. Наполнете ги белите дробови со воздух, не дишете само со горниот дел од белите дробови.

Следниве совети може да ви бидат од голема помош:

  • Веднаш по јадењето, пред да се одморите, одете надвор и вдишете осумнаесет до дваесет пати длабоко, употребувајќи ги мускулите на абдоменот. Вдишете и издишете полека. Некои луѓе ги креваат рацете над главата додека го прават ова.
  • Прошетајте надвор пред да се одлучите да си легнете навечер. Дишете го тој свеж ноќен воздух, разговарајте со Бога и благодарете Му за Неговата постојана грижа и благослов. Целосно предајте го својот живот во Божји раце, и потоа со задоволство во срцето одете на спиење, заборавајќи на сите ваши сегашни проблеми. Знајте дека Бог за сето тоа ќе се погрижи кога ќе дојде вистинското време.
  • Бидете надвор колку е можно повеќе. Одберете хоби и активности кои се надвор на отворено. Обратете особено внимание на такво хоби и рекреација кои поттикнуваат на длабоко вдишување и издишување.
  • Прошетката на воздух може да биде многу поделотворна од било кој лек што докторот може да го препише. Со неа се зголемува виталноста која е неопходна за здравјето. Белите дробови се впуштаат во активна работа особено кога воздухот е свеж и ладен, и со тоа ја поттикнуваат циркулацијата на крвта, која на тој начин се прочистува. А исто така и нѐ охрабрува на длабоко дишење кое ни е повеќе од неопходно. Ладното време можеби ќе нѐ натера да се облечеме потопло, но освежувањето на телото е сигурно.

Ако сакаме нашиот дом да биде здраво и среќно место, мораме да го поставиме над влагата и маглата на ниските предели и да овозможиме слободен пристап на живототворните небесни дарови. Колку што тоа е можно, сите згради наменети за живеење треба да бидат подигнати на високо, добро исушено тло. Со тоа нашите домови ќе бидат суви и ќе се спречи опасноста од болести предизвикани од влага и штетни испарувања. На ова прашање често се гледа со недоволна сериозност. Поради влагата на ниските места, многумина биле со хронично нарушена здравствена состојба, сериозно болни, па дури и умреле поради тоа.

Од особена важност е при градбата на куќите да се обезбеди целосна вентилација и многу сончева светлина. Во секоја соба треба да има проток на воздух и продирање на сончева светлина. Спалните соби треба да бидат поставени, така што ќе имаат деноноќен проток на воздух. Ниту една просторија не смее да биде наменета за спална соба доколку не може да биде изложена на сонце и воздух во текот на денот.

Можеме да забележиме дека навистина е многу важно да ги одржуваме нашите домови соодветно проветрувани, затоа што свежиот прочистувачки воздух внатре во домот е она што го прави местото здраво за живеење. Сонцето и свежиот воздух ги стерилизираат облеката и постелнината.

Доктор Киршнер тврди дека еден од најуспешните лекови за туберкулоза е поголема количина на свеж воздух дење и ноќе. Исто така и во лечењето на раните, заздравувањето настапува побрзо во присуство на свеж воздух и сончева светлина.

Препорачливо е да се избегнува греењето на плин бидејќи испушта гасови кои го трујат воздухот кој го дишиме. Ние живееме во хемиска ера каде што воздухот, водата и почвата се загадуваат премногу, а вегетацијата и животинското царство полека се трујат до смрт.

Воздухот помага и во уништување на болката. Во едно истржување е откриено дека за да се смири болката од артритисот неопходни се околу 15 таблети дневно, кои потикнувале забрзано и длабоко дишење. Подоцна направиле истражување во кое таблетите ги замениле само со длабоко дишење на свеж воздух без употреба на аспирин. Ослободувањето од болката било еднакво ефективно како при употреба на аспиринот. Длабокото дишење ја редуцира болката и го ослободува целиот систем.

Препорачуваме да не пиете таблети за главоболка бидејќи содржат отровни состојки кои може да предизвикаат внатрешно крварење на желудникот. Дишете свеж воздух и вашите главоболки значително ќе се намалат.

Смогот кој во најголема мера е предизвикан од автомобилите може да биде штетен бидејќи содржи штетни хемикалии кои предизвикуваат уништување на црвените крвни зрнца. Кое е решението? – Живот подалеку од градот. Малкумина го сфаќаат фактот дека најголем причинител за болестите е недостаток од свеж воздух. Здравјето на целиот систем зависи од здравите навики на респираторните органи. Со цел да имаме добра крв мораме да дишиме свеж воздух. Исто така свежиот воздух влијае на подобрување на состојбата на лицата кои се во депресија, внесувајќи свежина и оснажување на органите.

Оние кои се постари, болни, или инвалиди исто така имаат голема потреба од свеж чист воздух. Неопходно е болните и изнемоштените да се однесат што поблиску до природата, каде што можат да добијат големо оснажување, особено оние кои се ослободени од градската бучава, и уживаат во тишината и слободата на село.

Многу деца секојдневно поминуваат по неколку часа во училници каде што нема соодветна вентилација, седејќи во една иста просторија со поголема група на деца, дишејќи го истиот воздух кој наскоро станува отровен за белите дробови кои го вдишуваат. Поради ова неопходно е често проветрување на просториите и изнесување на децата надвор поминвајќи време на свеж воздух.

Постојат многу начини на исцелување, но Божјите дарови се најдобрите лекарства: чистиот воздух, водата, соодветен начин на исхрана, умереност, сончева светлина, физичка активност и довербата во Бога се природни лекови за кои е потребно да превземеме нешто, и сето ова не нѐ чини толку скапо како лековите кои би ги пиеле со цел да се излекуваме.

Pin It on Pinterest