Благодат врз благодат
Кратки текстови за секојдневно читање на чистите вистини на Радосната Вест, во кои нема ни трага од случаен или вешто замешн легализам. Избрани се од списите на Џонс и Вагонер, кои успеале да продрат низ вековната духовна магла и збунетост во откривањето на чистата сончева светлина на новозаветното евангелие. Тие фатиле дека Христовиот крст е откритие на љубовта која го надминува секое знаење и разум. Оној кој ќе го поверува и цени, од тој момент ќе биде поттикнат да води нов живот на бескрајна среќа во посветеноста на Христа. Тоа доведува до изненадувачки заклучок кој без престан го воодушевува човекот: „Лесно е да се биде спасен, а тешко е да се биде изгубен“. Господ настојува да ве донесе во своето царство; Тој не настојува да ве исклучи од него. Немојте да Го одбивате додека го извршува своето дело во вашето срце!
И, сите ние примивме од Неговата полнота: благодат врз благодат.
(Јован 1:16 ; Библија)
1. Славната Радосна вест го олеснува бремето
„Дојдете кај Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам…
Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“ (Матеј 11:28,30 ; Библија)
Под владеењето на благодатта подеднакво е лесно да правиме она што е исправно, како што под владеењето на гревот е лесно да правиме она што е зло. Тоа мора да биде така, бидејќи ако во благодатта нема повеќе сила отколку во гревот, тогаш не би можело да има спасение од гревот.
Но, сепак постои спасение од гревот. Никој кој верува во христијанството не може тоа да го негира…
2. Зошто мислиме дека е толку тешко?
„…чув глас, што ми зборуваше на еврејски јазик: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодило.“ (Дела 26:14 ; Библија)
Проблемот е во тоа што толку многу луѓе се обидуваат да служат на Бог со помош на сатанска сила. Но тоа не е возможно. Луѓето не можат да берат грозје од трње, нити смокви од чичка. Дрвото мора да постане добро, и коренот, и гранките. Самото тоа треба да биде обновено. „Морате наново да се родите!“ (Јован 3:7)
Нека никој никогаш не се обидува да служи на Бог со било што друго освен со присуство на живата Божја сила, која го прави ново создание…
3. Сè што имал Христос имате и вие
8 Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; 9 зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството, 10 и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
(Колсјаните 2:8-10 ; Библија)
„Во него телесно живее сета полнота на Божеството“ (Колосјаните 2:9) и Тој вас ве зајакнува со сила преку Неговата славна моќ, да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, та преку вера да се всели Христос во вашите срца „да се исполните во целата Божја полнота“ (Ефесјаните 3:19).
Навистина, Христос земал учество во боженствената природа, а исто и вие, доколку сте Негово дете по ветувањето…
4. Веќе сте го добиле дарот на Неговата безгранична благодат
11 Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе, 12 која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век, 13 очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сèмоќен Бог и Спасител, Исус Христос, (Тит 2:11-13 ; Библија)
Оваа неограничена благодат е дадена бесплатно „на секого од нас“ (Ефесјаните 4:7). Вам и на мене, токму такви какви што сме. Всушност оваа благотат ни е потребна нам за да би нè направила онакви какви што Господ сака да бидеме. А Тој е толку љубезен што ни ја дава бесплатно, за да навистина бидеме такви какви што сака да бидеме….
5. „Бидете совршени“ е повеќе ветување отколку заповед
„А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата… …И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.” (Матеј 5:44,45,48).
Господ сака да бидеме совршени и затоа е напишано: „бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко“. Тој на секому од нас му ја дал сета благодат која ја има, донесувајќи полнота на своето спасение, да секој би можел да биде прикажан совршен во Исус Христос….
6. Благодатта ќе го изврши своето дело ако не се противиме
„19 зашто, како што со непослушноста на еден човек мнозина станаа грешници, така и со послушноста на Еден мнозина ќе станат праведни. 20 А покрај тоа, Законот дојде за да се зголеми престапувањето; но каде што гревот се зголеми, таму благодатта се излеа преизобилно: 21 и како што гревот царуваше во смртта, така и благодатта да царува преку правдата за вечен живот преку нашиот Господ Исус Христос!“ (Римјаните 5:19-21 ; Библија)
Може ли секој грешник да има доволно благодат за таа да го сочува од вршење грев? Може. Нема сомнеж, секој на овој свет може да ја има доволно да го сочува од вршење грев. Дадено е доволно благодат, а дадено е токму заради таа цел….
7. Што го оневозможува делото на Божјата благодат?
„Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца… Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.“ (Евреите 3:7,8,12 ; Библија)
Видовме дека благодатта, бидејќи е целосно од Бога (а силата на благодатта е Божја сила), е во состојба да го оствари сето она за што е дадена; а тоа е спасението на луѓето, избавување од гревот и неговата сила, владеењето на праведност во животот и усовршување на верникот до мерата „на растот на Христовата полнота“ (Ефесјаните 4:13). Благодатта е во состојба да го оствари сето ова според Божјата волја, само ако најде место во срцето и животот (на верникот)….
8. Што значи со вера да се прифати Божјата благодат?
2 Зашто вели: „Во благопријатно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав.” Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението! (2 Коринтјаните 6:2 ; Библија)
Колку е потполно и сеопфатно владеењето на благодатта во животот таму каде што не е примена залудно?
Господ ја одредил следнава листа во која е опфатено „сè“ она во што можеме да се покажеме пред Бога. Прочитајте внимателно 2 Коринтјаните 6:4-10:
4 туку во сè се покажуваме како Божји слуги: во големо трпение, во неволји, во беди, во тешкотии…
9. Што да правиме со проблемот на грешното тело?
15 Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам. … 17 Зашто тоа веќе не го правам јас, туку гревот, кој живее во мене. 18 Имено, јас знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело; зашто, желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа, … 24 Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело! 25 Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!… (Римјаните 7:15-25 ; Библија)
Мнозина прават многу сериозна грешка мислејќи дека, кога се обратиле, исчезнало нивното старо грешно тело.
Со други зборови, тие прават грешка мислејќи дека треба да бидат ослободени од „телото“ така што истото ќе им биде потполно отстрането.
10. Што обратувањето прави, а што не прави?
„… кои служиме со Божјиот Дух и се фалиме во Христа Исуса, а не се надеваме во телото“ (Филипјаните 3:3 ; Библија)
Обратувањето не става ново тело на стариот дух, туку нов Дух во старото тело. Обратувањето нема за цел да донесе ново тело на стариот ум, туку нов ум на старото тело.
Избавувањето и победата не се постигнуваат со отстранувањето на човечката природа, туку преку примање на божествената природа за да ја покори и има власт над човечката природа…
11. Како да не се обесхрабриме заради телото?
3 Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го – заради гревот – Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото (Римјаните 8:3 ; Библија).
Господ Исус земал исто тело и крв, иста човечка природа, која што ние ја имаме – тело како и нашето грешно тело, и заради гревот, а со силата на Божјиот Дух преку божествениот ум кој бил во Него, (Тој) „го осуди гревот во телото“. (Римјаните 8:3). …
12. Да научиме да не гледаме на себе
„Затоа не се истоштуваме… Зашто, нашата сегашна лесна неволја ни донесува прекумерно, и неизмерно, вечно изобилство на слава, зашто ние не мислиме на она што е видливо, туку на она што е невидливо; зашто видливите работи се поминливи, а невидливите се вечни.“ (2 Коринтјаните 4:16-18 ; Библија)
Некои велат: „Кога и да погледнам на себе, наоѓам нешто за осуда.“ Тоа е вистина. Слободата од осуда не е во нас, туку во Христос Исус. Ние треба да гледаме во Него, а не на себе. Никогаш нема да дојде момент во кој додека гледаме на себе, не најдеме нешто што е за осуда….
13. Служба на Првосвештеникот – Чистење на неговото светилиште
Одговори: „Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.” (Даниел 8:14 ; Библија)
Службата во земното светилиште покажувала дека самото светилиште не можело да се очисти додека секој од Божјите следбеници не бил очистен. Не можело да се очисти, сè додека, заради исповедувањето на народот и посредувањето на свештеникот, во светилиштето влегувала река на беззаконија, престапи и гревови. Чистењето на светилиштето претставувало отстранување на сите престапи од луѓето кои биле внесувани во него преку службата во текот на годината. А оваа река мора да се преќине на својот извор во срцата и животите на верниците, пред да може и самото светилиште да се очисти. …
14. Тој ја обавува својата служба, а ние соработуваме
„Освен тоа, на десеттиот ден на тој месец се паѓа Денот на Очистувањето – имајте свето собрание; смирете ги вашите души… Никаква работа не работите во тој ден; зашто тоа е Ден на Очистување, за да ве очисти вас пред Господа, вашиот Бог.“ (Левит 23:27-28 ; Библија)
Во „сликата на првата“ служба на земното светилиште, еднаш годишно доаѓал крај на низата обреди. Чистењето на светилиштето било завршеток на оваа сликовита, годишна служба, со која се чистело светилиштето „од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови.“ (Левит 16:16). …
15. Како се одвива чистењето на светилиштето?
„И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека… а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.“ „кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев…“ (Јован 14:16,26 ; 16:8)
Кога сте осведочени за гревот, вие кажете „Попрво би го имал Христос отколку гревот“. И ослободете се од него. Зошто тогаш се обесхрабруваме заради сопствените гревови? Факт е дека токму тоа им се случило на некои од нашите браќа. Овде дошле слобони; но, Божјиот Дух изнел нешто што никогаш порано не го виделе, кое продрело подлабоко отколку порано и им открило работи кои никогаш порано не ги разбрале. …
16. Ве загрижува ли тоа дека сонцето може да падне?
„Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, Кого Го постави за наследник на сè и преку Кого ги создаде и вековите. … Кој носи сè со Своето силно Слово, Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините“ (Евреите 1:1-3 ; Библија)
Тој носи сè и го одржува со својот силен збор. Дали и овој свет? Да. А Сонцето? Да. И сите ѕвезди? Да. А можеме ли и ние да бидеме вброени во тоа „сè“? Ќе бидеме ли подржани/носени со Неговиот силен збор?
Дали некогаш во својот живот сте почувствувале нелагодност, кога ве пробудило утринското Сонце, плашејќи се дека Сонцето ќе падне? Не. …
17. Нема место за фалење
„А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата. И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне! (1 Коринтјаните 10:11-12)
Оној кој што се потпира на Бога дека ќе го одржи, не се потпира на своите сопствени напори. Оној кој постојано има на ум дека Бог го држи, и дека мора да го држи, нема да се фали со својата способност дека може да стои. Кога вечерва би ме довеле овде потполно беспомошен, и кога двајца или тројца браќа овде би требало да стојат и да ме придржуваат, не би било згодно да кажам: „Погледајте ме како стојам!“ Така е и со христијанинот. …
18. Исусовото име е еднакво на името на неговиот Отец
„…Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините, и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив.“ (Евреите 1:3-4 ; Библија)
Кога Тој (Исус) седнал од десната страна на Бога? Одамна – кога воскреснал од мртвите и се вознел на небото, пред околу две илјади години. Но забележете, пред да седне, извршил очистување на нашите гревови. Дали вам ви е мило што пред толку време ги очистил вашите гревови? Тоа очистување е извршено во Него. Во Него и го наоѓаме. Да му заблагодариме што е така. …
19. Каде го гледаме сега Исуса?
„Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите” – овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.“ (Евреите 2:9 ; Библија)
Во една прилика го видовме Исуса повозвишен од ангелите, а овде го гледаме помал од ангелите. Зошто? Затоа што бил сторен помал од ангелите, а тогаш, поради гревот, се спуштил уште пониско. Го гледаме Исуса таму каде што се наоѓа човекот откако погрешил и постанал подложен на смртта. Како што е вистина дека Исус бил таму каде што е Бог, така е и вистина дека дошол таму каде што е човекот. …
20. Како Христос зел наше тело и крв?
„Бидејќи пак децата имаат учество во месото и крвта, така и Тој зеде учество во тоа, и со смртта да го уништи оној, кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот.“ (Евреите 2:14 ; Библија)
Еден човек (Адам) е извор и глава на сета наша човечка природа. А Христовото родословие, како еден од нас, се протега сè до Адама. Ние сме синови на првиот човек, а тоа е и Христос по телото. Во првото поглавје на Посланието до Евреите го имаме Христос и Неговата божествена природа. Во второто поглавје Христос и Неговата човечка природа. …
21. Зошто Исус зел наше тело и крв?
„Затоа требаше во сè да стане како Своите браќа, за да биде милостив и верен Првосвештеник пред Бога, за да изврши помирување за гревовите на луѓето.“ (Евреите 2:17 ; Библија)
Какво е телото кое што овој свет го познава? Токму такво какво што го имаме вие и јас. Светот не познава друго човечко тело и не познавало ниедно друго од кога било потребно Христос да дојде. Кога „Словото стана тело“, Тој бил направен од исто тело како што е нашето. На друг начин не може ни да биде. …
22. Какво е тоа „обличје“ на нашето грешно тело?
„Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го – заради гревот – Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото“ (Римјаните 8:3 ; Библија)
Немојте погрешно да ја сфатите идејата која е изразена во зборот „обличје“. Не се работи за облик, ниту за фотографија во смисла некоја слика, туку за обличје во смисла на еднаквост (истоветна природа). Се работи за обличје на природата, обличје на телото. Да би било како грешно тело, би требало да има грешно тело; да би можело воопшто да постане тело какво што е во овој свет, требало да биде токму онакво какво што е во овој свет, тело какво што ние имаме, а тоа е грешно тело. …
Серијалот продолжува.
Останатите поглавја од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…