Давид беше најлошото момче во селото, неговиот татко го беше разгалил многу. Неговиот татко не дозволуваше на неговата мајка да го кара кога ќе направи белја со изговор дека е машко и е нормално да прави белји. И така, тој растеше малтретирајќи ги своите соседи, особено постарите, изнемоштените и болните.

Една кутра жена кога одела поднаведната од староста, секогаш кога поминувала близу до куќата на Давид претрпувала исмевање и имитирање од страна на ова младо палаво момче. Еден ден, еден сосед го слушнал и го искарал, зошто ѝ се исмева, а потоа му рекол дека таа е згрбавена затоа што постојано го кревала и негувала нејзиниот син кој бил инвалид. Таа се грижела за нејзиниот син дење и ноќе.

Другите момчиња кога го слушнале тоа се сожалиле на неа и ѝ помогнале со торбите да ги однесе дома. Сите момчиња почнале секојдневно да ѝ помагаат, а бабичката се расплакувла од нивната љубезност. Давид го пријавиле кај директорот на училиштето и директорот го казнил да остане во училницата и да учи, додека другите можеле да одат надвор да си играат.

Тоа за Давид било тешка казна, бидејќи повеќе сакал да си игра отколку да учи. Вториот ден од казната излегол во ходникот, седнал блиску до отворениот прозорец и ги набљудувал момчињата како си играат. Додека седел така, изненадно се појавил директорот на училиштето. Кога Давид го видел, се исплашил за да не му ја продолжи казната, па се затрчал да се врати во училницата. Меѓутоа, не незабележал дека пред него има ископано дупка каде што се вршеле некои поправки.

Давид паднал во дупката и се повредил. Едно од момчињата видело дека Давид паднал во дупката, па дошло да му помогне. Момчето го извадил Давид надвор, но неговата нога многу го болела. Решиле да го однесат до домот на старицата на која претходно ѝ се исмевал, бидејќи таа живеела најблиску до училештето. Бабичката кога го видела се сетила на она што пишува во Библијата, дека треба да се прави добро на оние кој нѐ мразат и да се молиме за нив.

Таа почнала да се моли за него во себе и додека другите отишле да повикаат помош, таа му ја исчистила и преврзала раната. Потоа дошол докторот, го прегледал и го испратиле дома на лекување.

Подоцна децата разбрале дека Давид имал тешка повреда и на грбот и дека требало многу време за да се опорави. Момчињата почнале да разговараат помеѓу себе дека сето тоа што му се случило на Давид најверојатно било последица од неговото потсмевање на бабичката.

Кутриот Давид лежел повеќе месеци страдајќи од болките.

Кога конечно се опоравил, тој го променил својот карактер, станал понизна личност, каејќи се за сето она што го правел. Кога влегол во училницата почнал да ги прегрнува своите соученици и да бара прошка од нив.

Давид побарал од своите родители да ѝ помогнат со сѐ што ѝ е потребно на бабичката на која претходно ѝ се исмевал, а исто така и редовно ја посетувал со цел таа да не се чувствува осамено.

Да се поучиме од овој пример, да не им се исмеваме на луѓето кои имаат проблем или кои се во неволја. Да им простиме на оние кои нѐ навредувале и да побараме прошка од оние кои ние сме ги повредиле. Да им помагаме на оние кои имаат потреба и да ги делиме благословите од Бога со нив.

Библиски стихови:

 32 ‘Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот; бој се од твојот Бог. Јас Сум Господ!’
(Левит 19:31 ; Библија)

1 Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа; 2 старите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота.
(1-во Тимотеј 5:1-2 ; Библија)

35 Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сèвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите. 36 Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив.
(Лука 6:35 ; Библија)

13 Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие!
(Колосјаните 3:13 ; Библија)

27 Ова е чиста и неизвалкана побожност пред Бога и Таткото: да бидат посетувани сираците и вдовиците во нивните неволји, и самиот да се пази себеси непорочен од светот.
(Јаков 1:27 ; Библија)

16 А не заборавајте ги: добротворството и делењето со другите, зашто со такви жртви Му се угодува на Бога!
(Евреите 13:16 ; Библија)

17 А кој има светски блага и го види брата си во немаштина, па го затвори своето срце кон него, како ќе остане Божјата љубов во него?
(1-во Јованово 3:17 ; Библија)

15 Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна, 16 па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!” а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата?
(Јаков 2:15-16 ; Библија)

4 Не гледајте секој само на своето, туку секој нека гледа на она што се однесува за другите.
(Филипјаните 2:4 ; Библија)

Pin It on Pinterest