Приказни за деца
Бидејќи луѓето за непознатото можат да научат само со посредство на познатото, неопходно е небесните поими да бидат прикажани преку овоземските. Тоа било метод на самиот Господ Исус Христос, кој големите Божји вистини ги објаснувал преку познатите секојдневни поими – одлично познати на луѓето околу него. Исус се служел со примери од природата и животните искуства на своите слушатели ги поврзувал со вистините од Божјиот Збор, водејќи ги на тој начин нивните мислите од природното кон духовното. Начинот на поучување со посредство на приказни со преносно значење било популарно и ценето низ вековите. Исус неможел да избере поуспешен и поделотворен метод на поучување. Користејќи се со Исусовиот метод, ви го претставуваме овој серијал со приказни за деца. Се надеваме дека овие едноставни, впечатливи и живописни приказни ќе бидат мост за многу дечиња да дојдат до вистините запишани во Библијата, вистини кои се од вечни вредности.
„И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.“
(Ефесјаните 6:4 ; Библија)
Услишена молитва
Било празнично попладне. Многу деца се собрале за да си играат. Влатко, кој бил најголем, бил во средина и сите го очекуваале почетокот. Едно од момчињата ја поканило малата Даница, која повлечено стоела на страна, но Влатко викнал со презир: - „Ах, остави ја на мира!...
Украдената паричка
- „Ајде побрзо Милан, зарем не го слушаш ѕвончето? Ќе задоцниме и после тешко нас!“ Петар додека зборувал го повлекол набрзина својот помлад брат кон училишната врата во која се туркале помалите ученици. - „Неможам да брзам, гладен сум.“ - „И јас сум гладен, но не...
Двата најтешки збора
Еден ден мајката го прашала својот син Стефан, кои два збора во нашиот јазик се најтешки да се кажат. Стефан размислувал и рекол дека имало многу тешки зборови, но незнаел кои од нив се двата најтешки. - Можеби, сине, мислеше најмногу на зборовите кои имаат најмногу...
Палавото момче Давид
Давид беше најлошото момче во селото, неговиот татко го беше разгалил многу. Неговиот татко не дозволуваше на неговата мајка да го кара кога ќе направи белја со изговор дека е машко и е нормално да прави белји. И така, тој растеше малтретирајќи ги своите соседи,...
Марко и неговата волја
Едно летно попладне, количката стоеше пред вратата на госпоѓа Нада. Улицата беше празна од сообраќај бидејќи беше премногу жешко. Јас одев мрзоволно од страната на сенката, спротивно од куќата на вдовицата и забележав како нејзиниот син изнесува некое платно во...
Каде е златото?
Том бил мало момче на кое учењето тешко му одело, но сепак никој во класот неможел да го постигне успехот што тој го имал. Тој никогаш не ги пропуштал часовите по географија, македонски, математика, и секогаш совршено ги завршувал домашните задачи. Никој не напредувал...
Верното овчарче
Едно младо момче по име Герхард било овчарче и добар пријател. Тоа било многу сиромашно момче. Еден ден додека го пасело стадото овци кое му било доверено, еден ловец излегол од долината пред шумата, и се упатил кон ова младо момче овчарче. Кога се приближил до него...
Момчето и неговото слободно време
Едно младо момче, кое изгледало малку чудно, дошло во училиштето и пристапило до вратата на канцеларијата на директорот на тоа училиште. Кога го сретнала секретарката на директорот, тоа побарало да поразговара со директорот. Секретарката ги погледнала неговите...
Лузни
„Какви се овие лузни?“ - го праша Мери нејзиниот татко, држејќи ги неговите раце со нејзините мали рачиња. „Овие лузни, мила моја, се долга приказна.“ „Тато, кажи ми те молам“, - рече Мери - „јас сакам долги приказни.“ „Овие лузни, дете мое, се повеќе од четириесет...